Уметничка резиденција со уметници од Јужна Америка и од Скопје „Допир и простор“

20.08.2019 17:31
Уметничка резиденција со уметници од Јужна Америка и од Скопје  „Допир и простор“

Во периодот од 14-31 август 2019 година во Скопје, Здружението „Македонида“ за првпат организира уметничка резиденција насловена „Јужна Америка - Северна Македонија, нови почетоци.“

Гости на овогодинешната резиденција се четворица уметници од Јужна Америка: Франциско Томшич (Уругвај / Словенија), Хулиета Ортиз де Латиеро (Аргентина), Татjана Коцмyр (Аргентина / Словенија), Аугусто Гадеа (Уругвај), како и домашните автори од Скопје: Ѓорѓе Јовановиќ, Владимир Лукаш и Шќипе Мехмети.

Куратор на Проектот е Гордана Велков, додека Владимир Јанчевски е гостин куратор кој во соработка со уметниците ќе се погрижат за дефинираат тековните активности и контактите со локалната уметничка сцена. Хенрике фон Девиц од Германија ќе ja води документација за целокупниот престој и активностите на учесниците, а сите информации тековно ќе можат да се следат на блогот “Touch the Space” .

Главната тема на овогодинешната резиденција е „Допир и простор“, а идејата е уметниците да имаат можност да остварат за размена на искуства со локалната уметничка сцена.

Во текот на двонеделниот престој уметниците заедно со организаторите и кураторите, ќе се обидат да ги лоцираат точките на поврзување, преку интензивни дискусии, со цел да резултираат со заеднички договорена програма, која ќе се состои од презентација на нивните интереси и творечки фокус преку досега реализираните проекти.

Во текот на престојот предвидено е да се остварат средби со повеќе уметници и културни работници од локалната уметничка сцена, со цел да се отвори можност за идни соработки, по што ќе следи јавната презентација на уметниците како и настан во самата резиденција на кој пред пошироката јавност ќе бидат презентирани дел од нивните проекти.

Учесниците на резиденцијата (од лево кон десно): Ѓорѓе Јовановиќ, Владимир Лукаш, Татјана Коцмур, Аугусто Гадеа, Шќипе Мехмети, Франциско Томшич и Хулиета Ортиз де Латиеро.

Фотографија: Хенрике фон Девиц

 

 

Слични содржини

Уживање / Култура / Уметност / Филм / Историја

ОкоБоли главаВицФото