1003 hPa
81 %
8 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 22:03
Со години феминистките упорно ги повторуваа постулатите на својата „вера“ за срамното третирање на припадничките на „поубавиот пол“ како да се предмети. Нивната борба вроди со плод и веќе неколку поколенија трае новиот поредок меѓу половите. Но што е со мажите? Што научија тие од сексуалната револуција?
Интересно е дека фотографите обожавале да ја снимаат Мерилин Монро со книга во рацете од Пруст или Достоевски, небаре сликата со убавата русокоса загледана во некој роман претставува неверојатна глетка. Иронично, Мерилин навистина била страствен љубител на добрата литература, и зад својата надворешност на „пин ап“ (pin up) девојка од календарите таа била и личност.
Жените не се само сексуални објекти на страста и оваа лекција добро ја научија сите студенти на сексуалната револуција. Но што се случува со мажите за време на нивното образование? Писателот Роберт Блај во делото „Железниот Џон“ го изнесува своето контроверзно гледиште дека мажите деградирале.
Посебна критика е упатена, како што ја нарекува, кон „новото време на чувствителни мажи“, кое суштински ги кастрирало во обидите да се оддалечат од мачо имиџот. Писателот вели дека поради желбата да им удоволат на жените, мажите станале „чувствителни тапчовци“, бидејќи токму тоа е она што им било потребно на нивните партнерки.
Ваквата прозивка е повик за будење на сите оние кои не заборавиле дека жените почесто бараат „лошо момче“ во креветот, отколку рамо за плачење.
Можеби новиот машки бунт на нивната верзија на фемизнимот произлегува од траумите кои систематски се втиснуваат во мозочната кора на мачо типовите – тинејџерски период, тој со саканата на клупа, моли за бакнеж. Таа, студена како мраз, изјавува дека сака да останат пријатели.
Дали тоа го натерало Блај така остро да „удри“ по современиот маж? Само низата одбивања од страна на жените?
Изгледа дека одговорот е потврден. Новите водачи на „Машкото движење“ (така ќе ги наречеме борците за машките права) би рекле дека желбата на нивните припадници е барем една жена некогаш да изусти: „Ајде да бидеме љубовници, сега не ми треба пријателство “.
За жал, тоа не им се случува. Општеството и понатаму е ориентирано кон бракот и семејниот живот, што мажите ги остава во големи маки поради сопствената природа. Тие не сакаат да им бидат „куќни помошнички“ на своите сопруги. Сакаат барем нешто од слободата.
Колку мачо типовите сериозно ја доживуваат ситуацијата, говори и исповедта на еден гинеколог во едно машко списание, каде што на читателите им објаснува како го зачувал добриот брачен (сексуален) живот.
„Иако како гинеколог совршено добро знев дека постојат и подобри методи на контрацепција, секогаш на жените им препорачував да користат дијафрагма, бидејќи таа има единствена предност. Обично се чува на едно место, во кутивче, најчесто во бањата. Секоја вечер, пред да си легнам, проверував каде се наоѓа дијафрагмата. Ако не беше во кутивчето, се знаеше каде може да биде и што ме „чека“ вечерта. Ако беше во кутивчето, заминував во кревет со однапред подготвеното сценарио: ’Може ли вечерва само да се гушкаме?’. Кога ни се роди последното дете, целосно се изгубив. Потоа ја замолив сопругата повторно да ја носи дијафрагмата. Се разбира, ги сфати моите намери и не разговараше со мене наредните две недели.“
Значи, човекот, ни крив ни должен, во својот дом морал да се однесува како станар од понизок ред. Како некој кој треба да проверува дали има право на секс со сопствената сопруга секоја ноќ и ако нема, да пружи изнудена емоција. Како шпион да се вртка околу бањата и да ја бара дијафрагмата на својата сакана.
Гинеколог ќе рече дека е така. Од друга страна стои тезата која многу лесно ја опишува вицот: „Како горилото од 400 кила води љубов со својата партнерка?“. Одговор: „Како што сака“.
Пораката на овој виц во контекст на хомо сапиенсот е дека жените во крајна линија сакаат мажот да биде маж, да бидат насила „грабнати“ (обично со претходен договор) и дека новопечените чувствителни момчиња треба да си ја повратат својата машкост.
Иако ваквото гледање на жените е многу површно и неточно (бидејќи тие сакаат мажите да ги молат, сакаат и да им чистат по дома), пораката е многу блиска со гледиштата на поголемиот број луѓе.
Во нашиве простори сè уште се инсистира на тоа мажите да ја задржат својата улога на „личност со панталони“, а жените функцијата на домаќинки. Меѓутоа, човештвото одамна го смени распоредот на улогите. Во арената на сексот дури и мудрите учители инсистираат на еднаквоста на половите, на тоа жените да станат послични со мажите, а мажите послични со жените, и во таа еднаквост се изгуби енергијата на поларитетот која им даваше смисла на страста и дивиот секс.
Како да премости јазот во кој мажите се мажи, а жените – жени, и сировиот примитивен инстинкт да биде реален и дозволен, а не да се загази во матните води на нееднаквоста, крутите улоги, објектификацијата и префеминистичките вредности?
Тогаш, што би подразбирал маскулинизмот (феминизмот за мажите)? Главно, тоа би било нешто сосем поинаку од визијата на споменатиот поет Блеј и неговото „Машко движење“.
Имитирањето на племенските општества не е одговор за мажите. Одговорот е некаде помеѓу нежниот поет и силниот херој.
Меѓутоа, не е на одмет да се прочитаат советите на бранителите на „Машкото движење“ за навраќање кон „вистинската“ машка природа.
1. Да се слави „целосната машкост“ – деловите од личноста кои се валкани, политички некоректни, груби, непристојни и диви.
2. Да се опколиш со мажи кои своето пријателство го докажуваат со борење и клоцање по задникот.
3. Никогаш премногу да не и’ се доближиш на некоја жена. Во ред, треба да и’ кажеш дека ја сакаш најмногу на светот, но во пракса треба да ја избегнуваш. Во спротивно, машкоста ќе ти се удави некаде меѓу мијалникот и детското креветче.
4. Секогаш имајте на ум дека човекот е најголемото животно што чекорело по земјата. На тоа особено треба да се присетувате во креветот. Еднаш некој рекол: „Ако сексот не е див, тогаш зошто сето тоа малтретирање?“
5. Да се задржи ловечкиот осет за другите жени. Тоа значи дека ќе спиете, ќе се бакнувате или ќе сочувствувате со друга жена, но ќе флертувате колку можете и секогаш кога можете. Тоа ќе го одржи вашиот тестостерон и со тоа и сексапилот, па секогаш одново ќе уживате со вашата жена во креветот.
6. Советувајте се со посилни од вас самите. Тоа може да биде и психијатарот кој е стопати полуд, поагресивен или подив алфа мажјак од вас. Треба да го користите како образец.
7. Протерајте го зборот „фино“, бидејќи на машкиот јазик тоа значи „жртва на сексуална дискриминација“.
8. И конечно, ако се обидете да бидете духовно коректни, така што ќе бидете отворени кон својата жена, вашиот сексуален живот ќе потоне во ништожност.
Бришењето на границите меѓу вас значи дека во еден миг нема да знаете дали вие сте, всушност, вие самите или сте станале вашата сопруга. Лесно може да ви се случи на крајот да завршите во љубов со самиот себе.
Творците на овие совети гарантираат дека „Машкото движење“ може да им ја врати на своите припадници „полнокрвната сексуална моќ“ која подоцна ќе можат да им ја демонстрираат на своите партнерки.
Извор: b92
Илустрации: Џеј Ковер