Анѓушев: просечната плата до крајот на годината ќе ја достигне цената на моите патики

22.08.2019 12:35
Анѓушев: просечната плата до крајот на годината ќе ја достигне цената на моите патики

 

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, проф. д-р Кочо Анѓушев, најави дека просечната плата во Македонија до крајот на годината ќе ја достигне цената на неговите патики.

Анѓушев наведе дека е добра вест што граѓаните од просечната плата ќе можат да купат еден пар патики “Ерменегилдо Зења“, но лоша вест е што во тој случај би морале да се откажат од сѐ останато.

-Секако, ќе мораме и понатаму да работиме многу внимателни и напорно за просечната плата да ја достигне полната цена на овие патики, која изнесува 560 евра. Засега ја достигнавме само нивната цена на попуст, но ако се осврнете седум-осум години наназад, ќе видите дека во времето на поранешната власт сте можеле да купите само нешто повеќе од една патика, никако целиот пар – објасни вицепремиерот.

Од Институтот за пазарни истражувања и проучување на воздушни ѓонови истакнуваат дека иако е добра вест што просечната плата го достигнала нивото на патиките на вицепремиерот, тоа не е доволно.

-Што е со вицепремиерското карирано сако или јакната „Лоро Пиана“? Дури кога просечната плата ќе го достигне нивото од 2200 евра, колку што чини таа јакна, ќе можеме да зборуваме за суштинско подобрување. Патиките, секако, се убав чекор напред, но не смееме да застанеме тука. Се надевам дека за две, највеќе две и пол години ќе можеме да боруваме за просечна плата во висина на цената на „Зења“ патики без попуст - изјавуваат од Институтот.

Прилагодено од www.njuz.net