Пошумување во Македонија

22.08.2019 12:44
Пошумување во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, односно публикацијата Статистички годишник, од 1990 година наваму, пошумено е помалку отколку во 1980-тите.

Така, во периодот помеѓу 1980 и 1989 година, во Македонија биле пошумени вкупно 76 587 хектари површина, повеќе отколку вкупно во трите наредни децении: во периодот од 1990 до 1999 биле пошумени 32 041 хектари, во следната деценија 2000 - 2009 година - 19 924 и во последната деценија од 2010 до 2019 година биле пошумени само 11 801 хектари површина.

Извор: Рефлектор