Ден Фагерхолм – Гифови

22.08.2019 15:21
Ден Фагерхолм – Гифови

Ден Фагерхолм (Dain Fagerholm) е илустратор од Сиетл. Препознатлив е по своите анимирани гифови кои ги нарекува „стереографски цртежи“. Тие создаваат 3-D ефект со брзо менување помеѓу два приказа кои ја менуваат перспективата. Додека, вообичаено, стереографските прикази се користат за прикажување хиперреалистични или SF-ефекти, Фагерхолм користи рачно изработени цртежи кои личат на илустрации за книги за деца.

Изработувал гифови и за музичкиот канал MTV.

Неговите ликови се нежни ѕверови и осамени чудовишта, а нивните доживеалици се нацртани со трогателна едноставност. Цртежите наликуваат на илустрации од сликовници, но повремено им дава и злокобни, хорор ефекти кои создаваат блага дезориентираност кај гледачот.

Фагерхолм  на Окно: https://okno.mk/node/34012

Повеќе за авторот на следниот линк: http://dainfagerholm.blogspot.com/

 

Слични содржини

Графички Дизајн / Уметност
Книжевност / Уметност
Уметност

ОкоБоли главаВицФото