Книжидер – од расипан фрижидер до полица за книги

23.08.2019 11:16
Книжидер – од расипан фрижидер до полица за книги

 Иако секое кафуле има фрижидер, она што овој го прави посебен е тоа што во него се ладат книги. Посетителите на кафулето на Пескара, градската плажа во Зрењанин, од неодамна заедно со пијачка можат да позајмат и нешто за читање од овој Книжидер, обележан со слоганот „Разлади ја главата-отвори Книжидер“

Сопственичката на ова кафуле, Тања Вуковиќ, вели дека таа и нејзиниот сопруг сакале кафулето да го направат поинакво – па така на нивната плажа нема интернет и гласна музика но има книги и лејзи бегови.

„Мене синоним за одмор и опуштање ми е книга, па сакавме да ја промениме сликата на плажата – да нема само гласна музика и провод, туку да постои и поинаков вид релаксација“, вели Тања.

Таа посакала во кафулето да има и библиотека – донела книги од дома и се обратила на градската библиотека која веднаш ја подржала идејата. Во Книжидерот сега има околу 150 книги.

Фрижидер како простор за складирање бил избран од технички причини.
„Се прашувавме какод а ги заштитиме книгите од временски нпогоди, песок, но и кражба. Ака дојдовме до идејата дека најдобар начин да ги чуваме е во фрижидер кој се заклучува“, објаснува Тања.

Иако Книжидерот е поставен пред крајот на летото, Тања вели дека „за убави нешта никогаш не е доцна“ и додава дека посетителите се одушевени со новата понуда.

Извор: www.bbc.com

ОкоБоли главаВицФото