Доротеј Нешовски - Илузиите на уметноста

27.08.2019 09:19
Илузии на уметноста (Доротеј Нешоски)

 

  „Илузии на уметноста“ на Доротеј Нешовски (1989, Скопје) е истражувачки проект кој се занимава со концептите за креативна спонтаност, ликовнa артикулација, социјална инклузија, педагогија и апстрахирање на релацијата галерија-публика-уметник.

„Илузии на уметноста“ се реализираше во рамки на програмата „Нови проектни продукции“ на press to exit project space Проектниот простор Прес ту егзит, во периодот од 3-ти до 14-ти декември 2018, и резултира со серија на објекти/слики, дигитални отпечатоци, цртежи, фото-документација и ефемерни интервенции во простор. Доживеани од авторот како „урбани визуелни и ментални графички мапи“ каде паралелно коегзистираат авторовите искуства со луѓе, состојби, енергии, простори, и случки, тие се слоевито градени со колоритен графички интензитет. Визуелно провоцирајќи и комуницирајќи со гледачот, тие го насочуваат погледот истовремено навнатре кон интимниот, но истовремено и нанадвор кон урбаниот простор. Основната уметничка алатка во најновиот проект на Нешовски се моливите во боја. Тие за авторот ја претставуваат „врската помеѓу природата и човекот" (цитат од „UM / A-1" и серијата „Неименувани") и се визуелен постулат на две клучни прашања што тој ги поставува: како ги доживуваме илузиите во секојдневниот живот, и дали човекот, како извонреден природен феномен, и самиот е илузија?, упатувајќи на теориите на Саул Меклеод и Јан Гордон за визуелната перцепција и нејзиниот историски и филозофски контекст.Поврзаноста на моливот со идејата за наивност и детска игра е суштински клуч за отклучување на проблемите во „Илузии на уметноста", бидејќи се впушта и во воведувањето на јавната сфера. Со држење нa делата за да го скрие своето лице, авторот се движи низ урбаниот простор во намера да создаде нов однос помеѓу делото и публиката надвор од институционалниот (галериски) контекст.

Проектот „Илузии на уметноста“ е реализиран во рамки на годишната програма „Недисциплинирани форми на знаење“ подржана од Министерството за култура на Република Македонија за 2018 година.


































 

ОкоБоли главаВицФото