Постои ли геј заедница?

28.08.2019 00:11
Постои ли геј заедница?

Дали многу разочарувања произлегуваат од сфаќањето дека не можеме да се идентификуваме со геј заедницата, колку и да се обидуваме да се увериме дека треба да бидеме во состојба да го направиме тоа?

Неодамна, благодарение на колегата Гордан Духачек, имав прилика да прочитам одлична статија. Ја искористив приликата читајќи го „Together Alone“. Мошне долг текст, особено земајќи ги предвид денешните навики за читање, но верувам дека е вреден за да му се посвети внимание. Иако изнесува конкретни податоци од истражувања кои немаат врска со Хрватска, верувам дека многу хрватски педери можат да се најдат во текстот. Затоа се исплати да се засукаат ракавите, да се избришат очилата, да се стават нови леќи и да се вежба читање нешто што е подолго од попис на чесни ХДЗ-овци.

На споменатиот текст следеше и интересен одговор со наслов „Gay Loneliness is Real-but 'Bitchy, Toxic' Culture isn't the Full Story“. Два спротивставени погледи, но двата имаат една заедничка точка. А тоа е постојаното споменување на геј заедницата.

Тоа ме потсети дека веќе долго размислувам за геј заедницата. И си го поставувам прашањето: „Постои ли воопшто геј заедница?“. Ако постои, дали треба да се идентификуваме со таа заедница? Дали многу фрустрации произлегуваат токму од обидот себеси да се увериме во исправноста на идеите за геј заедницата? Дали многу разочарувања произлегуваат од сфаќањето дека не можеме да се идентификуваме со геј заедницата, колку и да се обидуваме да се увериме дека треба да бидеме во состојба да го направиме тоа?

Дали луѓето можат да се идентификуваат со нешто што ги сведува само на една димензија?

Во ред, користејќи ја најпримитивната дефиниција за заедницата како група луѓе кои имаат нешто заедничко, лесно е да се одговори дека геј заедницата навистина и постои. Што нѐ поврзува? Единствено тоа што ни се дига на истиот пол. До разлики доаѓа дури кај тоа дали сакаме да го примиме во задникот или не. Ако зборуваме пошироко, за ЛГБТИК* заедницата, нѐ поврзува тоа што сите кои припаѓаме на некоја буква или на ѕвездичката сме „оние другите“ во однос на „оние првите“.

Дали луѓето можат да се идентификуваат со нешто што ги сведува само на една димензија? Колку идентификувањето со студентската, работничката, левичарската, десничарската, атеистичката, верската заедница е поинакво од идентификувањето со педерската заедница?

Некој би можел да аргументира дека сето набројано е нешто што е подложно на избор. Сексуалната ориентација е нешто што не можеме да го избереме и нашиот идентитет е обележан со тоа. А без идентитет немаме идентитет, би рекле мудрите. Дали е така навистина? Ќе земам како пример само еден поим на кој се ежи секој левичар, вклучувајќи ме и мене. Поимот кој директно е во конфликт со левицата. Поимот нација. Зошто тука ги истакнувам левичарите?

Затоа што, сепак, за жал, левичарите педери се најбројни меѓу оние кои имаат мадиња пред себеси и светот да признаат дека се и педери. И оние кои имале и имаат мадиња да се обидуваат, првенствено себеси па потоа и другите, да им овозможат што полесно да уживаат во својот педерлук. Поимот нација е нешто што предизвикува гадење како вештачка творба, измислена за луѓето ограничени со граници да се обиде да ги увери во заедништвото на нивните интереси. И со нив да може да манипулира за да се штитат таквите интереси. Од некои други луѓе кои исто така поверувале во заедништвото на своите интереси.

Дали педерлукот е поинаков?

Левицата го одбива идентификувањето со нацијата со аргументација дека тоа не е одраз на нашиот избор, туку обична случајност. И дека, секако, налудничаво е да се идентификуваме со сите останати само затоа што биле жртви на иста случајност. И да им бидеме непријатели на оние кои биле жртви на некоја друга случајност. А педерлукот? Дали педерлукот е поинаков? Исто така не е сопствен избор. Зошто тоа да биде нивото на кое сите би можеле да се поврземе и да се идентификуваме едни со други?

Се сомневам дека аутираниот педер левичар кој живее слободно, тој дел од себеси може да го идентификува со некој кој се плаши од себеси, а камоли од другите, да признае дека е педер. Се сомневам дека педерот кој последниве дваесет години бил невработен и живее во прифатилиштата за бездомници, педерлукот го зближува со педерот кој последниве дваесет години ги поминал во менаџментот на некоја меѓународна корпорација и живее во прифатилишта за богати, познати како луксузни станови.

Тогаш како е замислено дека треба да имаме толку заедничко само затоа што сме со иста сексуална ориентација?

Со истата логика можам да кажам дека тогаш и сите хетеросексуални мажи и жени ѝ припаѓаат на една заедница, споделувајќи ја сексуалноста како сигурна врска, и дека врз основа на тоа сите тие и треба да можат да се идентификуваат едни со други. Секако, заради бројноста таа идеја навистина делува бизарно зашто се подразбира дека има премногу други разлики за да можат да се идентификуваат едни со други врз основа на привидната врска каква што е сексуалноста.

А зошто да се очекува нешто такво од педерите? И зошто изгледа дека тие самите очекуваат дека таа имагинарна заедница ќе им овозможи нешто такво? Нема логика. Верувам дека повеќето луѓе ќе ги опишат повеќето луѓе околу нив како идиоти. Не знам за другите, но моето искуство покажа дека тој процент приближно изнесува 80 проценти. Станав поблаг со текот на годините, претходно сметав дека тој процент се ближи кон 90. И сигурно ќе ги прогласам 80 проценти од Хрватите за идиоти, иако му припаѓам на истиот народ.

Не е заедница, туку интересна група

Сосема сигурно, колегите на работа се идиоти. Барем 80 проценти од нив. За идиоти ќе ги прогласам истиот процент атеисти, иако им припаѓам. А особено ќе ги наречам идиоти повеќето верници. За десничарите и да не зборуваме! А, жими бога, и 80 проценти од левичарите се идиоти, иако се сметам за левичар. Мажите? Секако, приближно 80 проценти се ноторни идиоти. Жените? Сосема рамноправно, исто така 80 проценти се идиотки. А педерите? И тие, се насетуваше каде води ова, се апсолутни идиоти во ист процент.

Мошне е веројатно дека и приближно 80 проценти од луѓето кои некогаш дошле во контакт со мене ќе заклучат дека и јас сум комплетен идиот. Ќе бидат во право. Исто како што и јас сум во право. Секој за себе и во согласност со своите критериуми. А колку идиоти, толку и критериуми. Сепак, верувам дека вистинските постапки на мнозинството не се толку груби како мислите. Па таа мисла дека главно сме опкружени со идиоти во практиката значи дека успеваме да се зближиме поврземе и да се разбереме на човечко ниво со многу мал број луѓе, во однос на оние со кои имаме некаков контакт.

А, за тоа вообичаено се потребни многу повеќе врски од полот, сексуалната ориентација, едукацијата или што сѐ не. За оние кои ни се блиски нема да мислиме дека се идиоти. Инаку не би ни биле блиски.

Статијата „Together Alone“ завршува со мисла на еден од педерите: „Кога станува збор за геј луѓето, секогаш си велевме дека ќе бидеме добро кога ќе помине епидемијата на Сидата. Потоа, помина, па ќе бидеме добро кога ќе можеме да се венчаме. Сега можеме, но ќе бидеме добро кога ќе заврши малтретирањето. Продолжуваме да го чекаме моментот кога ќе почувствуваме дека не се разликуваме од другите луѓе. Но факт е дека сме поинакви. Време е да го прифатиме тоа“.

Се сложувам. Но мислам дека тоа што сме различни треба да се прифати и искористи за да се разбие флоскулата за постоење заедница со која би требало сите да можеме да се идентификуваме. Тоа не е заедница. Тоа, колку можеби и да звучи непопуларно, е интересна група. Мислам дека во тоа нема ништо лошо и дека не треба да се срамиме од тоа.

Би било убаво оние кои копнеат за прифаќање тоа и да го добијат, но тоа нема да се случи

Тоа е интересна група на сите оние кои се доволно храбри да не се плашат да си признаат себеси и на другите дека се педери. И на оние на кои им е од интерес себеси да си овозможат сопствената сексуалност, како само една од карактеристиките која ги обележува, да можат да живеат сосема рамноправно со другите. Затоа е интересна група!

А тоа секако не е интересна група на оние кои се во ормарот. Зашто не може да бидат и едното и другото истовремено. Невозможно е да бидат во ормарот и истовремено да се сметаат за дел од некаква непостоечка заедница чија главна цел не треба да биде во ормар.

Со јасно нагласување на тоа би престанало одржувањето на надежта и очекувањата од многумина дека сите сме еднакви и прифатени. Не сме, ниту треба да бидеме! Очекувања дека оваа интересна група би требало да пружи повисок степен на идентификација од која било друга интересна група. Очекувања дека прифаќањето на сопствената сексуалност ќе овозможи чувство на припадност, прифатеност, разбирање и можност за апсолутна идентификација.

Разбирам зошто кај многумина таа илузија е потенцирана. Голем дел навистина се отфрлени од хетеросексуалниот свет, се чувствуваат презрено и се надеваат дека „меѓу своите“ ќе најдат нешто што не го добиле од другите. Во повеќето случаи нема да го добијат, тоа е илузија. Знам дека би било убаво оние кои копнеат по прифаќање, тоа и да го добијат. Жалам, но тоа нема да се случи. Дали не и лицемерно да се очекува нешто такво?

Да бидеме отфрлени од хетеро светот исклучиво заради сексуалната ориентација и заради тоа оправдано да ги сметаме за површни идиоти, а истовремено да се очекува дека педерите ќе те прифатат исклучиво врз основа на сексуалната ориентација и заради тоа нив да не ги сметаме за површни идиоти? Не држи вода. Прифаќањето и разбирањето не ги пружа нечија сексуална ориентација, туку личноста.

Разбирам и дека кај многумина таа илузија за идентификувањето со непостоечка заедница е потенцирана со откривањето и признавањето на сопствената сексуалност. Во тие моменти на еуфорија и неверојатно чувство на ослободување, сѐ паѓа во втор план. Во тие моменти практично стануваш сопствена сексуална ориентација, веќе не е важен ниту еден дел од тебе. После долгото гушење, најпосле сакаш својата сексуалност да ја живееш слободно, сакаш да ја потенцираш, да ја пуштиш да расте.

По одредено време еуфоријата спласнува. За среќа, сѐ уште имам доволно позитивен впечаток за луѓето, па сметам дека мнозинството ниту може ниту сака да се освести само за една димензија. Покрај сексуалноста, повеќето имаат неброени копнежи, желби, страсти, области во кои сакаат да растат и да се реализираат. И дека сексуалноста сосема сигурно не им е доволна врска со другите луѓе.

Повеќето тоа ќе го сфатат дури подоцна, зашто децата погрешно се учат дека решението е во припаѓањето и прифаќањето, дека треба да се тежнее кон тоа. И тоа редовно води кон разочарување кај повеќето луѓе. Таквата идентификација, таквото припаѓање и таквото прифаќање вообичаено од личноста бараат да се сведе исклучиво на една димензија. И покрај погрешното учење, повеќето сепак доаѓаат до сфаќањето дека такво нешто не е можно. И не, не го чувствуваат тоа како правилно, дури и кога би било можно.

Тогаш следува разочарување, какво што може да создаде разбивањето на илузијата. Би требало децата да се учат на она што го вели мојот имагинарен пријател Миљенко Јерговиќ, а тоа е да не се припаѓа на ништо и никому. Тоа може да поштеди многумина од фрустрации и разочарувања. А можеби не е можно да се научи и разумски да се сфати такво нешто, да се пренесе на друг, без лично искуство на разбивање на илузијата. Без разочарувања. И доживеаната среќа заради разочарувањето.

Можеби така е и подобро. Во секој случај, еден идиот помалку. Прашање е само на која страна.

Слики: Julien Posture

Извор: https://www.crol.hr