Ах, Ахилеј: Инспирација пронаоѓаме во ѓубрето кое го носиме во себе

28.08.2019 12:19
Ах, Ахилеј: Инспирација пронаоѓаме во ѓубрето кое го носиме во себе

  Ах, Ахилеј е српски бенд, основан во 1999 година во Белград. Составен е од Ѓорѓе Бранковиќ, Александра Ковачевиќ, Драган Новковиќ и Мања Растиќ. Имаат настапено во Србија, Хрватска, Косово, Босна и Херцеговина, Германија и Египет.

Ах, Ахилеј ќе настапат на фестивалот „Друга приказна“ во сабота, на 7 септември, во 22:30.

Пренесуваме краток извадок од интервју со Ѓорѓе Бранковиќ, музичар, актер и основач на бендот.

 

Зад бендот Ах, Ахилеј, се веќе повеќе од две децении постоење на музичката сцена. Што ви е инспирацијата, од каде како бенд постојано ја црпите таа, изгледа, непресушна креативност и енергија?

Инспирација пронаоѓаме во ѓубрето и отпадот кои ги носиме во себе. Сѐ после тоа нема веќе никаква врска со нас бидејќи ние во самиот процес на производство ги задоволуваме своите потреби. Признавам дека често ми е многу напорно да излезам пред публика и да брбрам или свирам нешто што веќе сум го направил 500 пати. Ние не сме забавувачка екипа, ниту рок&рол заебанција. Се бавиме со музика исклучиво поради себе. Ги задоволуваме сопствените потреби.

Како ги би ја опишал музиката која ја создавате?

Ние никогаш не сме биле класичен бенд. Од првиот албум „Супер живот“ од 1999 година знаевме дека не знаеме кој вид музика е тоа. Досега тоа се албуми базирани на чиста електронска музика, диско музика, акустични квартети, експериментална музика, дуети, соло настапи... Значи, ние сме музичка појава која е тешко да се категоризира, не поради тоа што сме феноменални туку поради тоа што ние немаме одговор на тоа прашање.

Бидејќи се бавиш со музика и со глума, дали поголемо задоволство пронаоѓаш во музиката или во глумата?

Во музиката, секако. Глумата во Србија во мојот случај е многу дискутабилен поим. Како сум постар има сѐ помалку предизвици и паметни понуди. Музиката во мојот случај ја надомести таа огромна дупка која глумата требаше да ја пополни. Неа ја сметам за најголем успех досега во мојата т.н. актерска кариера.

Како дојде до името на групата?

Ништо посебно. Големиот херој се умори.

 Ах, Ахилеј е српски бенд, основан во 1999 година.
Членови: Ѓорѓе Бранковиќ (Đorđe Branković), Александра Ковачевиќ (Aleksandra Kovačević), Драган Новковиќ (Dragan Novković) и Мања Ристиќ (Manja Ristić). Имаат настапено во Србија, Хрватска, Косово, Босна и Херцеговина, Германија и Египет.

Албуми:

Super život (1999) Hop-la!
Muzika iz kuće (2002) Hop.la!
Minhauzen Savana (2005), Ah, Ahilej i Zoran Kiza Radović
Obdukcija (2005) Hop.la!
Objektivno lošije izdanje (2007) Hop.la!
Pesme zlih volšebnika (2008), poezija Toma Marković, KROKODIL
Opera za dinar (2009), poezija Miloš Živanović, Algoritam
Kapetane, brate! (2016), Hop,la!
Lokatva/Pesme unutrašnje emigracije (2017) samizdat
Tivol (2018) samizdat

Јутуб канал на бендот.

Извор: www.hellycherry.com

Слични содржини

Книжевност / Настан
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото