Месечината им припаѓа на луѓето

29.08.2019 01:16
Месечината им припаѓа на луѓето

Месечината со векови одлучно одбива да ги открие своите тајни. Старите Грци и Римјани ја гледале како прастара, мазна и бела, но не можеле да ги објаснат темните дамки на нејзиното лице кои се видливи за човечкото око. Околу 90-та година п.н.е, Плутарх запишал дека дамките се всушност сенки на планините и долините и дека на Месечината најверојатно луѓето може да се населат.

Со тоа никако сите не биле согласни. Иако не се појавило живот суштество на Месечината, можноста да се случи такво нешто сепак не замирала. По крајот на Втората светска војна се шушкало дека во тајност Германците направиле тврдина на Месечината, а дури се зборувало и дека Хитлер ја лажирал својата смрт и остатокот на животот го поминал под површината на Месечината.

Новата изложба „Аполовата муза: Месечината во време на фотографијата“ во Музејот Метрополитен во Њујорк претставува патување низ малку познатата историја: сликите на Месечината во опсег од четири векови. Овие упорни астрономски потраги се плод на револуционерното соединување на науката и уметноста – 300 фотографии и предмети (телескоп, два глобуси, фото апаратот „Hasselblad“, кој го користеле Баз Олдрин и Нил Армостронг), филмски инсерти како додаток. Поставката ја прикажува несопирливата потера на астрономите по знаење, но и технолошкиот напредок, уметничките одговори и фантазијата. Таа е сведоштво за човековиот копнеж да се спознае и истражи.

Кога во 1608 година бил откриен телескопот, Месечината конечно се чинела достижна. Веќе во 1609 година, Галилео ги исцртал првите портрети на ова небеско тело откако детално го набљудувал. Увидел дека месечевите дамки се сенки на брегови и палнини. Објавените цртежи на Галилеј од кои два се изложени во рамките на новата поставка , го означија изгревот на модерната астрономија.

Седумнаесеттиот век на човечкото око му ги приближи оние екстремно оддалечени, но ситни работи; телескоите напредувале, а моќта на микроскопот осмислен на крајот на претходниот век значително се зголемила. Селенографијата на Јохан Хевели – атлас на географијата на Месечината бил објавен во 1647 година, наречен според Селена, месечевата богиња во грчката митологија и се смета за прво дело што детално се занимавало со описот на површината на Месечината.

Астрономите го бележеле тоа што го гледаат; уметниците уште подобри записи. Сепак, бројните слики биле бескорисни за астрономите без добри научни текстови и повеќето не ни допреле до многу луѓе освен припадниците на научната заедница. Бакрорезите на францускиот уметник Клод Мелан од 1635 година не биле само убави на око, туку и толку прецизни што никој не направил подобри следните цели два века.

Британскиот уметник и аматер во астрономијата, Џон Расел во 1805 година направил извонреден бакрорез под наслов „Лунарна панисфера, рамна светлина“ на којшто Месечината не била прикажана онака како што ја гледаме, туку под поинаков светлосен агол. Расел верувал дека уметникот има должност да ја „поправи“ природата за да го достигне идеалот. Во идејата дека таинствената придружничка на Земјата би можела да биде населена верувале луѓето со фантазија, оние во заблуда и измамниците.

Во 1835 година, весникот „The New York Sun“ итро го искористил името на сер Џон Хершел, истакнат британски астроном, за сензационалистичката сторија за „големата измама за Месечината“ во која се наведува дека Хершелвидел куќи, патишта и напредни градови на површината на Месечината. Приказната била објавена и во Европа.

Појавата на фотографијата, четири години подоцна значеше дека во центарот на вниманието сега ќе бидат попрецизни и поверодостојни прикази на Месечината. На изложбата „Аполовата муза“, помеѓу другото се претставени и неколку најрани фотографии на Месечината, меѓу кои се наоѓа и впечатливата дагеротипија на Џон Вилијам Дрејпер од 1840-та година.

Сликата на Дрејпер претставува невообичаено двојно откритие кое може да се споредува со она на Галилеј: подлабоко разбирање на површината на Месечината забележано со инструмент кој гледа подобро од човековото око.

Британскиот астроном Џејмс Незмит во обид да ја забележи тридимензионалноста што ја видел со телескопот излеал фигури во гипс. Фотографијата на неговите одливоци е објавена во 1874 година и се сметала за „најверодостоен“ кога било виден приказ на Месечината

Технологијата и науката никогаш не пронајдоа докази за постоење на какви било жители на Месечината, но таа отсекогаш биле премногу фасцинантна за да остане само во рамките на науката. Литературните патувања на Месечината постоеле и пред Од Земјата со Месечината“ од Жил Верн од 1865-та година. На илустрациите биле прикажани хуманоиди и живописни животни, но особено шармантен бил првиот научнофантастичен филм „Le Voyage Dans la Lune” (Патување на Месечината) на Жорж Мелиес од 1902 година. Краткометражниот црно бел нем филм во триесет сцени прикажува група астронаути кои со помош на голем топ патуваат на Месечината кадешто се среќаваат со тамошните жители – Селенти и едвај извлекуваат жива глава.

На почетокот на дваесеттиот век, Месечината стана мазна. Со портретите преовладуваа насмеани полумесечини на чии облини, особено на разгледниците, седеа семејства, пријатели, па дури и голи љубовници.

Кога се појави НАСА, Месечината повторно влезе во фокусот на интересот. Пред мисијата „Аполо 11“ лансирана на 16 јули 1969 година, лунарните орбитери ја скенирале површината на Месечината во потрага по место на кое ќе се истоварат астронаутите. Но Нил Армстронг самиот воочил побезбедно место за слетување од она на кое бил упатен. Во рамки на изложбата „Аполовата муза“ се прикажани и неколку фотографии на советската пропаганда – првото куче во вселената , првата жена во вселената, снимени со цел да обезбедат поддршка и восхит од народот за режимот за овие извонредни достигнувања во вселената, во време кога Соединетите американски држави трескавично се подготвувале да победат во вселенската трка.

Тие се претходници на исклучително успешната американска кампања која го следеше првото слетување на Месечината. Сликите на астронаутите од мисијата „Аполо 11“: Баз Олдрин покрај американското знаме, на пример, сè уште се релевантни. Нивното влијание е силно и по педесет години.

Отпрвин скептиците ја отпишаа програмата „Аполо“ како губење време. По завршувањето на мисијата, некои дури тврдеа дека слетувањето на Месечината било лажирано. Сепак, Американците ја доживеаја мисијата како потврда на националната возвишеност по трагичната деценија и Студената војна, а заради оваа блиска средба со Месечината сиот свет беше возбуден.

Влијанието на НАСА врз популарната култура го претставува фустанот „Ракета“ на Хари Гордон од 1968 година. Направен од хартија, со ракета што експлодира во горниот дел, ттој фустан би можел да се закачи на ѕид, но истовремено јасно илустрира на кој начин сè, па дури и историјата може да се искористи како погон за комерцијална содржина.

Американското знаме на Месечината во 1969 година не се виорело за да го обележи сателитот како американска колонија, туку да биде потсетник на нашето достигнување.

Фотографијата на Стивен Шејмс од 1971 година која ја прикажува пораката напишана на една зграда во Бруклин кажува сè: „Месечината им припаѓа на луѓето!“

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото