Шведските политичари немаат службени возила и канцеларии

29.08.2019 02:13
Шведските политичари немаат службени возила и канцеларии

Колку и да звучи неверојатно, Шведска не им нуди луксуз или посебни привилегии на своите политичари, тие живеат исто како и другите обични граѓани во земјата. Шведските министри и пратеници во Парламентот немаат службени автомобили или приватни возачи, патуваат исто како и сите други во преполните јавни автобуси и возови.

И министрите и пратениците немаат парламентарен имунитет и им се суди на суд исто како на сите други осомничени за некое казниво дело. Уште една занимливост е дека политичарите во Шведска немаат свои асистенти или секретари, а нивните канцеларии се со големина од 8 метри квадратни. „Јас сум тој што ги плаќа политичарите и не гледам причина да им овозможувам луксузен живот“, вели Јоаким Холм, шведски граѓанин.

Политичарите што ги трошат парите на граѓаните возејќи се во такси, на пример, наместо во јавен превоз завршуваат на насловните страници на весниците, зашто дури и претседателот на парламентот има картичка што ја користи за јавен превоз. Само премиерот има право на луксузот да користи автомобил од безбедносни причини. Политичарите не заработуваат многу, нивните плати се само двојно поголеми отколку на наставниците во основно образование. На општинско ниво платите се дури и пониски бидејќи шведските претставници не добиваат плата и немаат свои канцеларии, туку работат од дома. Шведска е држава што своите политичари и функционерите во јавна служба ги третира како обични граѓани.

Францускиот претседател Емануел Макрон и шведскиот премиер Стефан Ловен се возат во автобус во Шведска

Извор: legit.ng

 

ОкоБоли главаВицФото