Толку е жална врбата што дрвото до неа липа

29.08.2019 12:02
Толку е жална врбата што дрвото до неа липа

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја, Димитри Кебаповски, Гроздановски, Сашко Палески, Петар Кајевски, Јордан Божиноски, Зоран Ристовски и Стефан Митески.



Тања Аждаја
Толку е жална врбата што дрвото до неа липа.



Димитри Кебаповски
Две липи, дуа липа.



Живко Гроздановски
Да бе, 100%.



Тања Аждаја
Викаш џабе сева оваа бука?



Живко Гроздановски
Усвари, 50-50. До пола да, отпола не.



Тања Аждаја
Не ми е баш јасен твојов концепт, да не работиш во јавор администрација



Живко Гроздановски
Бре, за... бибер-влакно се фаќаш па ти.
Ко во (од) секвоја манџа мирудија.



Тања Аждаја
Тоа се само баобабини деветини.



Живко Гроздановски
Мижи да ти баамја.



Тања Аждаја
Малце звучиш ко донор на костена срж, да ти кажам право.



Живко Гроздановски
Донор од Бадем-Бадем.
(И толку, се одјаворувам од програмата.)



Тања Аждаја
Зумболно малце да газиш преку лешки вака, ама ти си знаеш.

Сашко Палески
Ќе ја фати дренка за брзо.



Тања Аждаја
Анасон сè е поубаво.



Сашко Палески
Ќе ѝ се сони како ѝ се слива вода кон коренот.



Петар Кајевски
Махагони ги досетките, фати се за нешто дрво.



Тања Аждаја
Е за што, кога животот ми дава лимуни?



Јордан Божиноски
За даобаб.



Зоран Ристовски
Ако меди липата, да ги пуштам пчелите!



Стефан Митески
Јасен е тој концепт, ама мора строго! Дур не почне да молика нема дабаво!



Тања Аждаја
Алое вера за муабетот.



Стефан Митески
Ела сеа ваму да видиш, да не испадне после ја вор. Ако треба спремен сум и писмена изјава да дадам за Чемпрес.



Тања Аждаја
Не треба, веќе известија во Нова Макадамија.

Слики: Estée Preda

 

ОкоБоли главаВицФото