„Ретки билки“ - Bernays Propaganda

30.08.19 01:11

Излезе новиот сингл и видео на Bernays Propaganda под наслов „Ретки билки“ како најава за новиот албум „Втора младост, трета светска војна“ (2nd Youth, 3rd World War).

Новиот албум на Bernays Propaganda ќе излезе на 4 септември, на Moonlee Records, Geenger Records, Pop Depresija, Ill in the Head Records и Balkan Veliki.

Текст и режија на „Ретки билки“: Милан Блажевски
Главна улога: Камка Тоциновски
Улоги: Јелена Милосављевиќ, Маја Талевска
Камера: Борис Таковски, Јоспип Здравковски, Милан Блажевски
Монтажа: Милан Блажевски
Color grading: Борис Таковски
Анимација Јосип Здравковски

Ретки билки

Беше најдолгиот, најтопол ден во јуни...
А, јас ледена, во паника.
Ако те погледнам сега во очи ...
Толку ќе те засакам...Колку би те сакала...

А, тебе никој не те поседува!
Тебе никој не те поседува...

Зошто ретки билки сме...
Зошто ние такви сме.
Само така растеме...
Само кога сакаме!

Не сум јас човек кој може да те чува,
Јас и на себе заборавам.
Не сум јас човек кој ќе ти каже, оди си....
Уживам кога те гледам.

А, тебе никој не те поседува!
Тебе никој не те поседува!
Велат кога ретка билка се раѓа,
Излегува со музика...Сите се радуваат.

 

Извор: Youtube

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото