Биологијата на мамурлакот

02.11.2010 14:11
Биологијата на мамурлакот

Мамурлакот е цената што ја плаќа секој кој претерал со пиењето, односно со лудувањето и забавувањето. Во прилогов ќе го објасниме процесот на создавање, вообичаените симптоми, статистики и начини на превенција на оваа честа појава.

Процесот

Кога алкохолот се консумира, хипофизата во мозокот го блокира создавањето васопресин, што значи дека бубрезите ја праќаат водата директно во мочниот меур, наместо да ја примат. Ова влијае на нашето тело бидејќи потребни ни се четирипати повеќе количини течности од онаа количина на внесениот алкохол.

Следното утро сувата уста сигнализира дека треба да се надомести изгубената вода во организмот. Главоболките се резултат на обидите на телото да украде вода од мозокот, што предизвикува треперење на мозочните мембрани.

Зачестеното уринирање исто така го осиромашува организмот од неопходните соли и калиум кои се потребни за нормално функционирање на мускулите и нервите. Значи, главоболката е јасен сигнал дека тие му се потребни на организмот.

Вообичаени симптоми на мамурлак

Како вообичаени симптоми можат да се јават течната столица, недостатокот на желба за јадење, треперење на рацете, мачнина, засилено чукање на срцето, висок крвен притисок, нервоза, тешкотии со спиењето, малаксаност и поспаност.

Статистики

75% од корисниците на алкохол барем еднаш во животот доживеале мамурлак.

25% од младите доживуваат мамурлак секоја недела.

15% од нив тоа го доживуваат барем еднаш месечно.

Превенција на мамурлакот

Јадењето масна храна и внесувањето јаглехидрати пред консумирање алкохол го забавуваат неговото преработување во стомакот. Исто така, треба да се пие многу вода.

Пред спиење се препорачува да се испијат два аспирина и да се испие цела чаша вода. Ова спречува дехидрација и ја намалува јачината на утрешниот мамурлак.

Помагала против мамурлак

Постојат многу производи кои помагаат во намалување или отстранување на мамурлакот. Сепак, нивната делотворност варира од еден производ до друг.

Јајца – јајцата содржат цистеин кој помага во намалување на киселините предизвикани од мамурлакот.

Вода – Со додавање на сол и шеќер во водата и нејзино испивање се заменуваат изгубените соли и гликоген.

Овошни сокови – Фруктозата во овошните сокови помага во зголемувањето на енергијата на организмот, како и во побрзото ослободување на алкохолните отрови.

Банани – бананите го надоместуваат изгубениот калиум, а исто и ги обезбедуваат неопходните електролити.

Аналгетици – се препорачуваат аналгетици кои не се на база на кофеин и ацетаминофен.