Изложба на Марија Смилевска во КЦ 750

31.08.2019 13:21
Изложба на Марија Смилевска во КЦ 750

На 1 септември со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата на дигитални колажи на Марија Смилевска, која ќе се одржи на плоштадот во Автокоманда, во организација на КЦ 750. Изложбата ќе биде отворена до 5 септември, секој ден од 19-22 часот.

* * *

Што човекот најчесто свесно и/или несвесно крие?
Креира маска како „симулација“ на индивидуалност, криејќи ја од себе својата сенка.
Дали имаме лажна комуникација на себеси со себе?
Преку мистериозните фигуративни форми позиционирани во имагинарни амбиенти, дигиталните колажи на Марија Смилевска го повикуваат гледачот да комуницира со внатрешниот свет на осамените личности.

* * *

Марија Смилевска е родена 1980 г. во Скопје.
Уште од мала сакала да црта и сакала кога ќе порасне да стане уметник.
Во 2007 година ѝ се остварил сонот и дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.
Сега работи како графички дизајнер, слика и прави дигитални колажи-илустрации.

Досега имала три самостојни изложби во Скопје, а нејзини дела биле застапени на повеќе групни изложби, едно биенале, мултимедијални перформанси, истражувачки проекти и интервенции во јавен простор, во Скопје, Кавадарци, но и во Берлин и на островот Корчула во Хрватска.

* * *

КЦ 750 е мал, мобилен културен центар, заеднички проект на Иван Шопов и Владимир Лукаш. Целта на проектот, поддржан од Министерството за култура на РС Македонија е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор, за културни намени. КЦ 750 преку мобилниот концепт ќе се обиде на неконвенционален начин не само да го надополни недостигот на независни културни простори и точки во Скопје, туку и да понуди децентрализирачки концепт на ширење на културата.

ОкоБоли главаВицФото