(Бедна пролет...)

01.09.2019 12:39

бедна пролет.

кога се вративме од планина мајка ми ми рече дека
сум борец
и по тоа видов дека остарела, зашто ѝ треба
некој снажен,
некој што ќе ѝ помогне да мокри и да џвака
а после без проблем ќе отиде да фрла и да пие

ништо на светот не старее пострашно од мајка:
кесести цицки и ридови на прстите
само заборавени спомени под трепките:
Италија на разгледница а не на дланка.

да умреше барем кога умре и татко ми, ама излезе пичка
што го сака животот под изговор дека сака да гледа
внуци, филмови, море во јуни
а всушност ѝ требаат само изгрејсонца и зајдисонца,
кога би биле бесмисла наредени.

секојпат кога ја развлекуваш кожата околу очите
се испиваш во огледалото

сакам сето ова да ти го кажам, зашто
кој ќе го разбере подобро
нежниот бес без упориште, прераното жито
цвеќето овенато
по сопствените стапала
некогаш подивено.

мислиш остварена си во сѐ и за сѐ самата себе си
доволна.

а и јас бев смешен.
се правев дека уживам да чекорам сам
одев по плоштадите и ги игнорирав луѓето,
само понекогаш ќе застанев зад куче или истргнат
лист од весник,
повеќе негуван отколку навистина храбар
повеќе храбар отколку навистина свој.

Превод: Ѓоко Здравески

Ана Марија Грбиќ е родена 1987 година во Белград. Дипломирала книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Во 2011 година ја имала и својата прва изложба на поетскиот стрип Овде нешто се случило, а 2012 година ја објавила првата збирка поезија Да, ама немој да се плашиш, во едицијата Првенец. Таа е еден од основачите на поетската група АРГХ! Пишува и црта, со повремени преместувања, во Белград. Овој избор песни е од нејзината поетска книга Венерини и останати брегови, објавена 2014 година во LOM. Деновиве ќе биде гостинка во Скопје, на книжевниот фестивал Друга приказна.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото