(Ме бодрат гранки од сите страни проклета шума...)

02.09.2019 10:48

ме бодрат гранки од сите страни
проклета шума

во мене живее, се сеќаваш, колонија жолти мравки,
ама веќе те нема да ми блуеш отрови во утробата
и сега се распичкаа, имаат национален танц,
водат изборни кампањи, забрануваат
истополови бракови
преоѓаат од нозете до курот па таму прават
револуција и лепат твои портрети
зашто и тие си умислиле дека си Бог и единство

живеам спроти тебе како множество
нежни и млаки особини
слушај, ниеден женски збор никогаш не ме
опишал целосно.
остави ми го тоа.
дека не сум само светло и мрак и црно и бело на
твојата кошула
дека не сум само блед, дури и во летното
јулско попладне.

ако шумата победи
со моето име нека се испише твоето,
зашто, се сеќаваш, на почетокот од писмово ти
ги раскрилив просторите да бидеш песна
а ти испадна пичка

пак, ќе те поведам со себе во пределите кај што само ти
постоиш
каj што птиците се уплашени од височината а рибите се удавени.
сите движења ќе ги убијам
шумо себична

во мене, се сеќаваш, колонија жолти мравки
докажува дека по тебе и доброто и лошото
се развива забрзано

соседната музика никогаш не стивнува, само нашата.

ти си уште единствениот дожд во нашата стара улица
поглед вечно недогледен,
оној слеп за иднината која ненамерно создава

надвор од текстот нема ништо,
надвор од минатото
верувај ми.

Превод: Ѓоко Здравески

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото