(Биди внимателна...)

03.09.2019 10:22

биди внимателна.
еве, ова тука е бакарна маса на која
дедо ми ги броел парите,
на ова столче седел секој посиромашен
човек во градот
ги гледал усните на дедо ми
земјата ја солел со пот

липата е дури седумпати скршена од гром, но
уште се разгранува претсказанието.

под неа мајка ми учела хрватски и со
излитено љубовно романче во рацете
страсно повторувала реплики од некојси Бен, кој
имал ергели коњи
и влажни усни

го сакав ненадејниот миг кога ќе се наведне,
ќе ме погледне во очи и ќе каже
Бен, ти беше право чудо во гратчето. чудо!

неколку мига мед разлеан во нејзината смеа
влажни бакнежи по моите дланки.

тие се сега исти и нималку поголеми, само мајка ми
се врати стара и испоизедена

постојано чекаше од реката да ја вратам во форма на
убава жена
да ја накитам со перје и да ја одведам на театар

еве, толку одамна на ова ритче Мили ја
донесе својата прегазена пудлица
и ме зарече никогаш да не ја закопуваме.

сѐ околу ридот има полна сенка и во неа свои
особини.

еве овде кај што пирејот некогаш бил
герании
еве бунар загаден, кртечина
изнајмени ниви
еве исечени себични шуми

еве ја твојата сенка преку сонцето.

Превод: Ѓоко Здравески

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото