Мува на часот по лектира (извадок)

03.09.2019 12:40
Мува на часот по лектира (извадок)

 

Букварче (кавер)

Како ја разбираш пораката: две училишта еден роб?
Зошто одиш на училиште?

а) затоа што морам
б) затоа што така се станува попаметен
в) затоа што тука имам добра екипа
г) затоа што наставниците ми се супер
д) затоа што зградата е убава
(Заокружи или продолжи...)

Зошто во т.н. две школи под еден покрив децата се разделуваат?

а) за подобро да не се запознаат
б) за подобро да не се разберат
в) за да не се тепаат околу еден јазик

Џитанка онлајн

Направи букви за своето име или за прекарот, залепи ги на хартија, а потоа фотни ги со мобилниот и сликата стави ја на Фејсбук-страницата Џитанка.

Тест за наставници и наставнички

Дали е образованието вистинската струка за вас?

1. Што ви значи ѕвоното за крај на часот?
а) почеток на животот
б) час помалку до пензија
в) мал одмор за наставникот, ама голем за учениците

2. Авторитетот на наставникот се темели на:
а) незнаењето на ученикот
б) стравот на ученикот
в) физичката сила

3. Наставниците имаат причина за штрајк поради:
а) малите плати
б) малиот регрес
в) малите топли оброци

4. За наставникот дневникот е:
а) она што е пендрекот за полицаецот
б) она што е боздоганот за Крале Марко
в) она што е појасот за спасување за давеникот

5. Кога не би биле наставник, би биле:
а) дресер
б) свештеник
в) пензионер


Решение:

Ако заокруживте барем еден одговор, сте заталкале во одделението и во кабинетот за наставници. Ако заокруживте повеќе од пет понудени одговори, кандидирајте се за министер за образование. 

Енес Куртовиќ Џи (1969 – 2XXX) е роден во Арапуша (Босанска Крупа). Дипломирал агрономија на Биотехничкиот факултет во Љубљана. Ги објавил збирките песни Зелено на бело (Zeleno na bijelom, 2001), Friday Jihad Friday (2005) и Сектор Г (Sektor G, 2010). Го уредува блогот Sektor G (http://sektorg.blogger.ba). Експериментира со art-book и со визуелната уметност. Негови трудови се изложувани на изложби во Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Германија, велика Британија и Иран.

Енес Куртовиќ Џи гостува на книжевниот фестивал Друга приказна#4:„На маргините“

Илустрации: Мува на часот по лектира; Dennis Osadebe

ОкоБоли главаВицФото