30 години од ремек делото на Гринавеј

04.09.19 01:18

Пред точно 30 години, на 4 септември 1989 година се одржала премиерата на едно од филмските ремек дела на британскиот режисер Питер Гринавеј.

Филмот „Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник“ со Ричард Борингер, Мајкл Гамбон, Хелен Мирен и Алан Хауард е вознемирувачка и високо естетизирана крими приказна од која многу гледачи беа навредени и скандализирани. Други пак, оценувајќи го филмот како пресвртница во современата филмска уметност го видоа како горчлив напад врз традиционалните сфаќања за сексуалноста, хрната, алчноста и насилството.

Извор: Youtube

 

 

ОкоБоли главаВицФото