Немам намера да барам спас на СЈО

06.09.2019 16:53
Немам намера да барам спас на СЈО

Потполно се согласувам со тоа дека Јанева нема никакви ингеренции да делегира било какви предмети било кому од затвор.

Меѓутоа, ете немам намера да барам спас на СЈО.

Прво, затоа што е направено со дил со мафијата.

Второ затоа што се базира на идиотски закон кој е смислен да не може да работи.

Трето, затоа што луѓето кои беа избрани беа повеќе во шоубизнисот отколку во правосудството.

Четврто, затоа што треба да се префрлат предметите во ЈО, ама не ова ЈО кое го води милото човече избрано да молчи, туку ново, моќно ЈО во кое нема да влезат корумпираните обвинители од минатото (како што влегоа во Советот на јавни обвинители).

Јас сум против паралелни институции, а сум да ги поставиме на цврсти нозе институциите кои ги имаме.

 Слика: Свирачиња