Како ропството го инспирирало модерниот бизнис менаџмент

10.09.2019 00:37
Како ропството го инспирирало модерниот бизнис менаџмент

Во 1911 година, специјалниот комитет на Конгресот се состанал да го истражи влијанието на новите деловни пракси врз животот на работниците. Членовите на комитетот особено биле заинтересирани нешто што се нарекувало научен менаџмент, техника која требало да ја мери и забрзува продуктивноста на работниците. Најистакнат застапник на овој систем бил Фредерик Винслоу Тејлор, инженер за механика, кој само што го беше објавил својот магнум опус под наслов „Принципи на научниот менаџмент“. Ова дело ќе стане клучна инспирација на професиите од сферата на менаџментот. Всушност, неговото влијание сè уште трае. Текстовите кои се занимаваат со пионерите на менаџментот неретко почнуваат од него, фалејќи ги неговите напори да примени прецизна метрика дури и на наједноставните процеси.

Меѓутоа, кога Тејлор и другите биле повикани да сведочат во 1911 година, тонот бил далеку од инспиративен. Критичарите на научниот менаџмент укажале на сосема друга референтна точка – ропството. Искусниот градежен работник од Вотертаун Арсенал во Масечусетс му кажал на комитетот дека научниот менаџмент му се чини како нешто „што се сведува на ропство“. Според него, менаџерите спроведувале екстремна контрола „нè следат додека сме на работа...и ни стојат над глава со штоперица, тоа навистина е тешко да се издржи“. Претседателот на синдикатот на машинските работници тврдел дека овој систем „луѓето буквално ги сведува на робови“, им ги намалува дневниците и дека „создал таква атмосфера на недоверба помеѓу луѓето што секој секого го гледа како потенцијален предавник или шпион“. На крајот на јавното сослушување, иако комитетот не презел ништо особено, неговите членови се согласиле дека некои елементи на овој систем функционираат „на ист начин како камшикот на гонителите на црнит робови, држејќи ги луѓето во постојана состојба на вознемиреност“.

Се разбира, отчукувањето на штоперицата не е исто што и ударот на камшикот, или комбинацијата на штоперица и камшик што се користела на некои робовладетелски плантажи. Сепак, има нешто симптоматично и длабоко вознемирувачко во оваа аналогија, уште повеќе и заради тоа што застапниците на научнот менаџмент и самите понекогаш користеле споредби со ропството, не за да го критикуваат овој систем, туку за да го пофалат. Еден соработник на Тејлор, Скадер Клајс, тврдел дека научниот менаџмент е систем на „соработка или демократија“, но неговата дефиниција на демократијата била недвосмиселно недемократска: тој опишува систем „кој се состои од тоа способната личност да го преземе водството давајќи наредби во случаи во кои таа поседува супериорни способности, додека другите треба да бидат потчинети: тоа е однос на господар и роб, како и да се вика поинаку“. Од перспективата на менаџерот, контролата е суштинска особина на менаџментот. Притоа е дозволена повремена промена на односот на контрола: „Во кој било момент, работникот на надзорникот може да му укаже на подобар начин на работа“. Но од перспектива на на работникот, оваа краткотрајна замена на улогите е слаба утеха. Укажувајќи му на надзорникот подобар начин на работа, работниците ја отфрлаат сопствената моќ и себе се прават заменливи.

Највпечатливата паралела помеѓу ропството и научниот менаџмент може да се најде во тнр. „идеја на задачата“, која Тејлор ја опишувал како „најзначаен елемент на модерниот менаџмент“. Системот на задачи се поврзува со Хенри Лоренс Гант, кој денес е познат по Гантовата табела, алатка за исработка на распоред, која уште го носи неговото име. На врвот на популарноста нанаучниот менаџмент, Гант развил „систем на задачи и бонуси“ со кој се поврзувале работните часови и бонусите за прекувремена работа. На работниците им се исплаќала основната плата со додаток за работата над минимумот. Комбинирајќи го остварлививата (повеќе отколку максималната) задача со бонусите, на работниците им е оставена можноста да ја уживаат сигурноста на минималната заработка, но истовремено и им дадено охрабрувањето да се обидат да ја надминат.

Иако Гант и Тејлор вовеле некои детали во системот на задачи, тие не го измислиле овој систем. Тој има многу подолга историја и претставувал еден од основните методи за организирање на ропскиот труд. Според системот на задачи, робот би добил конкретна „задача“ или квота што морал да ја исполни до крајот на денот; ова било алтернатива на тнр. систем на банда во која робовите работеле под постојан надзор. Во некои случаи робовладетелите кои го користеле системот на задачи, дури им давале и парични бонуси за постигнувањето на однапред одредените цели. „Мавтале со морковот“ на начин кој многу наликува не само на методите на Гант, туку и на методите на современата „економија на трзгарење“ (gig economy). Навистина, освен основната плата и суштински важната слобода на работниците да дадат отказ, новиот систем на Гант, речиси во секој поглед бил идентичен со системот на кој го користеле рабовласниците, а тоа ни самиот Гант не се обидувал да го скрие. Тој признавал дека зборот „задача име одбивен на многу луѓе“ заради својата поврзаност со ропството и сметал дека оваа негативна конотација е една од нејзините главни недостатоци.

Ова не треба премногу да нè изненадува, имајќи предвид дека Гант имал потекло од Југот. Роден пред Гражанската војна во Америка, како син на Вирџил Гант робовласник од Мериленд, кој поседувал повеќе од 60 мажи, жени и деца. Како што пишувал Гант, „терминот надзорник за задачи“ има долга традиција во нашиот јазик; тој го симболизира времето што денес за среќа поминува, кога луѓето биле принудени да работат не за своите сопствени, туку за туѓи интереси“. Целта на Гант не било напуштањето на стариот систем, туку прилагодување на современите потреби. Тој вака го објаснувал: „Генералната политика на минатото се состоела од принудата, но времето на силата мора да се повлече пред времето на знаењето и политиката на иднината ќе се состои во подучување и водство во корист на сите вклучени“.

Во извесна смисла, научниот менаџмент ги копирал робовладетелските модели на експлоатација, притоа отфрлајќи ја самата институција на ропство. Реториката на Гант не зборувала толку за дистанцирање, колку за напредок; тој наводно сакал да каже дека „научниот менаџмент е голем исчекор во однос на ропскиот труд“. Индустријалецот Џејмс Мејпс Доџ, еден од раните застапници ан идеите на Тејлор, во 1913 година, објаснил дека „не можеме со сигурност да кажеме кој прв ја проширил идејата на научниот менаџмент зашто таа е родена од првиот крик на камшикуваниот роб“. Референцата на Доџ била метафорична и се однесувала на матното и далечно минато во кое ропството било вообичаено, а не на робовладетелството на Југот на САД. Меѓутоа, тој разбирал дека „денешната генерација“ од минатото го наследила „односот помеѓу господарот и робот“ и сметал дека задача на научниот менаџмент е да го надмине овој однос.

Историчарот Улрих Бонел Филипс уште во 1918 година ги препознал паралелите помеѓу научниот менаџмент и ропството. Кога Филипс ја опишувал софистицираноста на стратегиите на менаџмент на Југот, сакал да реферира на серијата статии од Х.В. Вик, објавени во „Јужњачки плантажер“ чија „анализа на ставови и движења“ потсетувала на некои од најразвиените студии на индустрискиот труд во времето на Филипс. Иако Филип бил еден од највлијателните историчари на ропството, неговите дела биле проникнати со расистички предрасуди, а неговите описи на интеракцијата помеѓу сопствниците на плантажи и нивните робови зачудувачки многу наликуваат на начините на кои Тејлор ги опишувал идеалните односи помеѓу менаџерите и работниците. Во текот на повеќе месеци на конгресните сослушувања за научниот менаџмент, Тејлор се обидувал да го дистанцира својот систем од робовладетелството, опишувајќи го својот систем како школа за работниците кои не знаеле да работат: ова „не е гонење на црнци; ова е љубезност; ова е подучување; ова е тоа што би сакал некој мене да ме научеше кога бев момче што се обидува да научи нешто да работи. Ова не е свирежот на камшикот над нечија глава и повикот „довлечка се ваму, проклетнику низаеден“.

Половина век по Филипс, Кит Ауфхаузер опишува во колкава мера робовладетелската теорија и пракса се поклопувале со системот на научен менаџмент на Тејлор. Во текот на деценија долгата зовриена дебата за природата на јужњачкото ропство, Ауфхазер тврдел дека постојат далекусежни паралели не само меѓу инструментите со кои се служеле рововладетелите и оние кои ги предлагаат научните менаџери, туку, исто така и во односите на моќ во кои се одразувале овие односи. Тој пишувал: Што се однесува на дисциплината на работното место...одност меѓу господарот и робот е многу сличен на односот помеѓу капиталистот и работникот за надница во претпријатијата уредени врз основа на научниот менаџмент“. Две децении по Ауфхаузер и историчарот Марк Смит ќе ги опише аспектите на управување со плантажите кои се зачудувачки слични со научниот менаџмент. Смит се фокусирал на улогата на временската дисциплина на плантажите, укажувајќи на раширената употреба на часовниците за да се утврди колку работа можат да завршат робовите.

Наспроти овие и други истражувања, паралелите помеѓу современите пракси на деловниот менаџмент и ропството упорно се игнорирале во мејнстрим дискусиите за историјата на американското претприемаштво. Ова игнорирање било толку темелно што професорот по менаџмент, Бил Кук во 2013 година тврдел дека е неуспех на оние што се занимаваат со менаџмент од научен аспект, што не ја објасниле оваа историска врска и дека е тоа рамно на одрекување. Кук пишувал дека информациите за деловните праси на робовладетелите биле широко достапни во многу јавни извори и дека нивното игнорирање мора да било намерно.

Во некои случаи, доказите за ропство можат да се прочитаат буквално меѓу редовите. На пример Гант чиј систем на задачи и бонуси толку верно го следел систеот што го применувале сопствениците на робови. Гант сè уште повремено се спомнува во современите учебници по менаџмент и во интернет воведите во оваа област. Во фаза во која се повторува во толку голем број на овие прикази што е тешко да се утврди кој е оригиналниот автор, за Гант се вели дека е роден во семејство на богати фармери од Мериленд, но дека „неговото детство било обележано со извесна сиромаштија зашто Граѓанската војна донекаде го проемнила богатството на неговото семејство“. Оваа „промена“ чиешто објаснување се изостава, всушност е губењето на повеќе од 60 луѓе кои побегнале од плантажата и се ослободиле. Наследството на ропството со оваа фраза истовремено се признава и се брише.

За да се надмине одрекувањето не е доволно само да се признае дека сопствениците на робови практикувале некој вид научен менаџмент, туку е неопходно и пошироко промислување на длабоко всадените претпоставки за врските помеѓу капитализмот и контролата. Иако постојат многу исклучоци, историите на деловните пракси, барем оние кои допираат до пошироката јавност, главно се индивидуални и социјални приказни за успехот. Во овие приказни сите победуваат: бизнисмените остваруваат профити, а клиентите, работниците и заедниците напредуваат заедно со нив. Се разбира, ова може да биде вистина. Преминот од трговија во трансакции на нулта сума, на транскации на позитивна сума, една од најважните трансформации која го овозможи развојот на капитализмот. Но, капитализмот сам по себе не гарантира дека сите победуваат.

Тоа што колачот расте не е гаранција дека тој ќе биде рамноправно поделен. Како ќе ги поделиме добивките зависи од тоа како се напишани правилата, или со други зборови, од тоа како се регулирани пазарите. Ропството покажува како еден конкретен збир правила овозможува прецизен менаџмент, но истовремено ги поврзува своите предности со грозната цена која мора да се плати за нив. Ропството, исто така, илустрира и како извесни видови на ширење на пазарот, кој овозможува животите да бидат оковани во труд и продавани, можат да произведат радикална нееднкавост. Економскиот раст може да го следи проширување на слободите и шансите. Но, како во случајот со ропството, проширувањето на пазарните слободи за помал број луѓе може да зависи од различни видови ограничувања на слободата на многумина други. Растот може да биде следен од слободата на избор, но исто така може да биде изграден врз насилство и неправда.

Извесни видови на менаџмент настануваат кога менаџерите уживаат многу висок ниво на контрола врз своите работници. Подемот на научниот менаџмент кон крајот на 19-от век треба да се гледа и како момент на иновација, но и како повторно воспоставување на старите технологии на контрола. Со сè поцврсти државни граници, работниците сè потешко можеле да ги напуштат фабриките и да се вратат кн обработувањето земја. Со имиграцијата и растечката нееднаквост, производителите имале на располагање обилни залихи на работна сила. Ерата на трустовите и монополите ги ограничувало опциите, а и кога по закон работниците можеле да ја променат работата, околностите на новото работно место не биле подобри. Само во такво опкруѓување имало смисла менаџерите како Тејлор да се обидуваат да пресметаат „кој дел на коњската сила претставува човечка сила“, со очекување дека оваа максимална стапка на труд би можела да се купи со конкретна надница или можеби со надница и бонус.

Модерните наративи на капиталистичкиот развој често ја нагласуваат позитивната сума на исходи на многу индивидуални избори. Тие сугерираат дека слободните, па дури и себичните одлуки одат рака под рака со економскиот раст и иновациите. Тие често претпоставуваат дека огромното богатството што се акумулирало во само неколку компании ги поправило животните околности на голем број луѓе. Историјата на робовладетелскиот капитализам нè предупредува да не ги прифаќаме овие очекување како готова работа. Мојата нова книга „Робовладетелско сметководство“, како и делата на историчарите како Дејна Рејми Бери и Калвин Шермерхорн покажуваат дека ропството во 18-от и 19-от век било многу прилагодливо во трката по профит. Слободните пазари цветале за сопствениците на робови, а нивната контрола врз мажите, жените и децата го забрзувала производството, како преку забрзувањето на ритамот на работата, така и со транспортот на нови, поплодни територии. Робовладетелската манипулација со човечкиот капитал создавала огромни богатства, како преку финансиски маневри, така и преку човечката репродукција.

Кога харвардаскто бизнис списание го обележувало својот 19. роденден во 2012 година, Тејлор бил тема на еден од три објавени статии , како инспиративна референца за способноста на менаџерите да ја трансформираат пошироката економија. Деловната историја на робовладетелството на плантажите ни нуди сосема поинаква приказна, која нè предупредува како изгледа трката по профит, кога сè, вклучувајќи ги и човечките животи, е на продажба. Наследството на американскиот бизнис ја вклучува приказната за иновациите, но и приказната за екстремно насилство. Неретко, овие две приказни се испреплетени. На специфични начини тоа важи и за научниот менаџмент, а сосема е очигледно во случајот на робовладетелството. Соочувањето со овие непријатни вистини може да ни помогне да ги увидиме врските помеѓу капитализмот и контролата, а можеби и да пронајдеме похуман пат за напредок на нашето општество.

Извадок од книгата на Caitlin C. Rosenthal, Accounting for Slavery: Masters and Management, 2018.

Извор: Boston Review

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото