Рускиот министер за култура читателите на стрипови ги нарече „морони“

10.09.2019 01:50
Рускиот миистер за култура читателите на стрипови ги нарече „морони“

Првиот човек на Министерството за култура и претседател на руското воено – историско друштво, Владимир Медински изјави дека историските настани треба на младите да им бидат објаснети на разбирлив јазик, а не во форма на стрип, затоа што стриповите се наменети за оние што не знаат да читаат.

На 32. Меѓународен саем на книги во Москва, Медински кажал дека историските факти треба да бидат разбирливи и за децата, само не во облик на стрип.

„Стриповите се за оние што не знаат да читаат. Имам многу негативен став кон стриповите. Тие се како гума за џвакање – тоа не е храна. Оваа ориентација треба да биде за деца кои допрва учат да читаат, до седум, осум години. Но возрасна личност која чита стрипови како да признава ‘Јас сум морон, јас читам стрипови’. Веројатно е забавно да се собираат, но не и да се читаат“, изјавил Медински

Оваа изјава предизвика огорченост кај љубителите на стрипови. На социјалните мрежи се појавија хаштазите #ядебил и #ячитаюкомиксы

По изјавата на Медински се огласија автори и почитувачи на стриповите.

„Хаштагот #ядебил е иронично самопонижување, но верувам дека времето за такво шеговито самопонижување во нашата земја е поминато. Знам дека многумина свесни за тие зборови ги доживуваат како Медински директно да ги навредил. И тоа е делумно точно. Заради тоа поддржувам вакви акции и би сакал да видам голем број луѓе да ги објават своите фотографии со стрипови и да кажат дека ги читаат и дека не се морони“, вели за Би-Би-Си, Иван Черниавски, коспоственик на продавницата „Chook and geek“.

„Ми беше чудно кога ја слушнав оваа изјава на министерот. Во владините канцеларии и библиотеки се организирани разни центри за стрипови, за тоа се издвојуваат државни пари, се купувани стрипови. Постојат луше што работат во тие центри. Веројатно Медински е свесен за тоа. Се плашат дека тоа е нешто американско. „Тоа е за деца, тоа е за морони“ се главните стереотипи за стриповите. Веќе 15 години се занимавам со стрипови и во општеството цело време е присутна таа стереотипна претстава. Додека не ги запознав стриповите и јас мислев дека леснотијата и несериозноста на стриповите за суперхерои се за деца. Но запознавајќи се со бројни уметнички дела, сфатив дека стриповите како и филмовите можат да бидат сосема различни - и лесни и сериозни дела за кои се доделуваат Пулицерови награди. Конкретно „Маус“ на Арт Шпигелман ја добил Пулицеровата награда во 1992 година“, објаснува директорот на издавачата куќа за стрипови „Bumkniga“, Дмитри Јаковлев.

„Најтрогателно е што Медински тоа го кажал на саемот во Москва, каде првпат во историјата имаше огромна зона за стрипови. Ќе биде одржана цела програма посветена на руските стрипови. Затоа е многу фантазмагорично тоа што Медински одлучил ова да го каже во годината кога саемот сосема оправдано решил да ги презентира издавачите на стрипови и да одвои место за нив. Ова е парадоксална комбинација“, додава Черниавски.

„Незгодно е што министерот за култура не само што јавно критикува еден облик на уметност, нов за него и кој не го проучил, туку и непријатно се изразува за луѓето со хоби што нему му е туѓо“, вели Михаил Богданов, уредник на издавачката куќа „Комилфо“.

Тој додава дека се среќавал со слични изјави во периодот 2007 – 2009 година, кога стриповите уште не биле претставени на рускиот пазар во таква разноликост како сега.

„Во меѓувреме ги надминавме овие стереотипи, објаснувајќи им на читателите дека стриповите се само облик на презентација на информациите, дека доаѓаат во различни жанрови, осмислени за различна публика и дека понекогаш се занимаваат со многу сериозни општествени прашања. Да не спомнуваме и колку графички новели имаат добиено престижни книжевни награди“, објаснува Богданов.

Извор: BBC

 

ОкоБоли главаВицФото