Заборавени вредности

10.09.2019 16:21
Заборавени вредности

На денешен ден, пред 50 години, Атина Бојаџи го преплива каналот Ламанш. Подвиг кој не знам дали некоја друга пливачка од Македонија го повторила. Охридската Делфина доби многу признанија, меѓу кои и неколку највисоки државни. Но од својот град никогаш не доби вистинско оддолжување, почитување.

Општина Охрид во календарот на настани воопшто не го ставила овој датум. Освен спортскиот центар, ништо друго нема што би го одржало споменот на оваа наша пливачка. Нема младинска школа, нема пливачки клуб, нема локални пливачи кои ќе се натпреваруваат дома и во странство. Нема инфраструктура. Пливањето е сведено на организација на настани, додека само поединци, ентузијасти прават напори да остварат некакви резултати. Како треба да се одржува споменот и успехот на еден голем спортист, само со именување улици и објекти, или со вистинска посветеност, работа, желба за успех и организирани клубови? И додека ја чекаме новата Делфина, ќе се сеќаваме на нашите великани, но и на лошите локални и државни политики поврзани со спортот, особено пливањето. Охрид и Струга, градови покрај езеро, немаат затворени базени, немаат минимални услови за континуирано развивање и одржување на водните спортови.

(исечок од весникот „Нова Македонија“, 11 септември 1969 година, преземено од retromk.tumblr.com)

 

ОкоБоли главаВицФото