Најдобри карикатури на 51. Светска галерија Скопје 2019

11.09.2019 12:08
Најдобри карикатури на 51. Светска галерија Скопје 2019

Карикатуристот Мојмир Михатов од Хрватска е добитник на Гран при, а Шахрох Хејдари од Франција на прва награда на 51-та Светска галерија на карикатури Скопје 2019.

„Остен“ соопштува дека второнаграден на Галеријата е Белгиецот Лук Дешимакер, додека третата награда отиде кај повеќе карикатуристи: Хуле Ханушиќ – Австрија, Константин Казанчев – Украина, Милета Милорадовиќ – Србија, Шаман Тораби – Иран и Фуркат Усманов – Узбекистан.

Наградата Цицо (за македонски карикатурист) отиде кај Јордан Поп-Илиев.

Јордан Поп - Илиев, Македонија

Посебни награди беа врачени за Олег драгачов, Канада, потоа за Ратко маричиќ, Хрватска, Петер Нивендијк, Холандија, Анатолиј Станкулов, Бугарија и за Павел Станчик, Полска.

Како што соопштува „Остен“, на 51-то издание на Светската галерија се пријавиле 231 карикатурист од 58 земји со 635 карикатури, за кои одлучуваат селекторот од земјава и интернационално жири.

Лук Дешимакер, Белгија

Изложбата на делата од селектираните автори и доделувањето на наградите на оваа, Галерија и на следната 52-та Скопје 2020, ќе се одржи во септември 2020 година, на централната прослава по повод 75 години „Остен“ (1945 – 2020).

Шахрох Хејдари, Франција

Слични содржини

Стрип / Уметност / Карикатури
Уметност / Карикатури
Уметност / Карикатури
Графички Дизајн / Карикатури
Графички Дизајн / Карикатури

ОкоБоли главаВицФото