Што треба и за што сум

12.09.2019 11:54
Што треба и за што сум

Јас сум против лидерски средби и сум против многу работи кои во моментов се прават во мојата држава, ама бидејќи ми рекоа многу сум зборела за сè она што сум против, а не сум кажувала што треба и за што сум, еве малку:

Сум за писмени парламентарци (помал број, ама барем да знаат да читаат и да пишуваат).

Сум за писмени судии и јавни обвинители (помал број, ама да знаат да читаат и да пишуваат).

Сум за 7 министерства.

Сум за 32 општини.

Сум за максимум 3 јавни универзитети.

Сум наместо тендери за работи за кои постојат јавни претпријатија тие да си ја вршат работата за која се основани.

Сум за забрана на бизнисмени на високи владини позиции.

Сум за укинување на надзорните одбори и забрана на именување на членови во управни одбори со партиска позадина.

Сум за ограничување на помлади од 40 години да можат да станат министри или директори на јавни претпријатија или градоначалници.

Сум за забрана на политички партии основани врз етнички принцип.

Сум за етнички мешани градинки, основни и средни училишта.

Сум за ограничување на населението во градот Скопје на 600000.

Сум за градење железнички врски до малите градови и селата.

Сум за забрана на повеќе од 10 каменоломи во цела Македонија.

Сум за стимулирање на искористувањето на сончевата енергија.

Сум за вложување во урбанизација на селата.

Сум за едукатори во основно и средно образование со магистратури и нивни плати на ниво на советник во Влада.

Сум за отворање учителски факултет.

Сум за бесплатна струја вода и затоплување за секој примател на социјална помош.

Сум за враќање на извршувањето во рамките на судовите.

Сум за вложување во иднината наместо во минатото.

Сум за одземање на сите привилегии на пратениците.

Сум за покривање на патните трошоци на функционерите на ниво на јавен превоз.

Можам списокот да го продолжам, а можам и да образложам, за секоја точка поединечно.

Ги чекам политичките гарнитури кои ќе сакаат да работат на ова и граѓаните кои ќе изберат вакви политички гарнитури.

 

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото