Уметници и историчарки на уметност прекинаа трибина зашто учествувале само мажи

14.09.2019 01:30
Уметнички и историчарки на уметност прекинаа трибина зашто учествувале само мажи

Група кустоски, уметнички и историчарки на уметноста ја прекинале трибината насловена „Големите изложби како поле на општествена моќ“, протестирајќи против начинот на организација на трибината на која учествувале само мажи - кустоси, професори и уметници. Трибината се одржала во Музејот на современа уметност на Војводина во Нови Сад.

Тие во соопштение наведуваат дека жените се исклучени од полето на современата уметност без оглед на нивниот придонес во сферата на организирање големи и важни изложби, критичкото рагледување на современите изложбени пракси, кустоската работа и политиките на изложување.

„Изразуваме незадоволство заради начинот на организирање на трибината кој наметнува токсичен маскулинитет како начин на комуницирање, делување и остварување на успех, како во областа на уметноста, така и во општеството.“

Ова е само уште една во редицата трибини кои се организираат во значајни уметнички институции во Србија, каде учесници на трибините се исклучиво мажи.

Како што се вели во соопштението, се работи за симптом на пошироката општествена политика: „одземање на компетентноста на жените да учествуваат во јавната дебата за изворите на моќта и начините на нејзина дистрибуција и во институциите на современата уметност и култура“.
Интервенцијата на групата уметници и историчарки на уметност се завршила така што тие ја повикале публиката заедно со нив да ја напуштат трибината, што неколкумина и го направиле.

Потоа трибината продолжила.

Говорници на трибината биле уметниците, Никола Божовиќ и Владислав Шќепановиќ, кои се професори на Факултетот за применети уметности во Белград, историчарот на уметност и кустос, Бранислав Димитријевиќ, потоа Зоран Ериќ, кустос во Музејот на современа уметност во Белград и директорот на МСУВ, Радован Јокиќ.

Извор: masina.rs

 

Слични содржини

Општество / Активизам / Квир / Живот
Општество / Активизам / Фотографија / Став
Општество / Активизам
Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Општество / Активизам / Свет

ОкоБоли главаВицФото