Продолжен рокот за конкурсот на Хартефакт за најдобар современ ангажиран драмски текст

17.09.2019 11:55
Продолжен рокот за конкурсот на Хартефакт за најдобар современ ангажиран драмски текст

Поради големиот интерес, фондот Хартефакт донесе одлука да го продолжи рокот за праќање на драми за Конкурсот за најдобар современ ангажиран драмски текст. Заинтересираните писатели имаат уште една недела – новиот рок за праќање е 23 септември 2019.

Ова е осми конкурс за најдобар современ ангажиран драмски текст кој го распишува независната регионална културна организација Хартефакт, со седиште во Белград.

Право на учество на конкурсот имаат автори и авторки кои живеат на територијата на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Македонија, Косово и Србија.

Жирито во состав Тања Шљивар (драмска авторка), Нина Вилоиќ (театарска и филмска глумица) и Билјана Србљановиќ (драмска авторка), ќе донесат одлука за победникот/победниќката и ќе состват потесен избор од пет најуспешни драмски текстови.

Освојувањето на првото место на конкурсот подразбира доделување на парична награда во износ од 400.000 РСД (бруто). Во наградата е вклучен и откуп на авторските права за премиерно изведување на победничкото тело во продукција на Хартефакт во еден од регионалните театри. Хартефакт се обврзува да објави во електронска форма збирка со петте драмски текстови кои влегуваат во потесниот избор на конкурсот. Покрај тоа, Хартефакт ќе учествува во промоциајта на најуспешните драмски текстови од конкурсот.


ПРАВИЛА НА КОНКУРСОТ

Основните критериуми при одлучувањето на жирито ќе бидат уметничката вредност и општествената ангажираност. Драмските текстови кои со својата порака нан бико кој начин поттикнуваат насилство, верска и национална нетрпеливост, како и дискриминација по било кој основ, нема да бидат разгледувани како потенцијални кандидати за награда.

Право на учество на конкурсот имаат само оригинални, досега необјавени и неизведени дела.

Како посебни одлики на текстот жирито ќе ја оценува оригиналноста, современата форма и храброст на младите автори/ки во драмска форма да асе соочат со некој од многубројните проблеми на нашето општество.


ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето на Конкурсот се остварува со праќање на испечатени, непотпишани копии од текстот во еден примерок со шифра, во затворено плико со шифра (име и презиме, адреас, град, држава, контакт-телефон, елетронска адреса), како и ЦД со непотпишана копија од текстот во пдф-формат:

ХАРТЕФАКТ (за конкурс), Светозар Марковиќ 17, п.фах 16, 11 111
Белград, Србија


Од 2009 година фондот Хартефакт е псоветен на создавање и јакнење на критичката свест во желба низ креативна и уметничка форма активно да учестува во создавање на инклузивно и отворено општество. Настанал од желбата на новите автори/ки да им создаде простор во кој ќе можат да работат и делуваат, конкурсот за современ ангажиран драмски текст, поттикнува дијалог за важните општествени теми кои се однесуваат на човеовите права, слободата на говорот, колективното сеќавање и одговорност. Освен тоа, со континуираниот развој на формите на конкурсот се влијае врз афирмацијата на младите уметници, но и врз промената на општествената клима и сензибилизирање на општеството на разни теми од кои тоа не некој начин се обидува да побегне. Со годишното одржување на конкурсот од регионален карактер Хартефакт сака, со вклучување на широкиот спектар на уметничко изразување, карактеристично за овој дел од Европа, да ги покаже сите предности на афирмацијата на новиот драмски израз.

За време на траењето на конкурсот и до донесувањето на одлуката Хартефакт нема да дава ифнормации за работата на жирито или кој било поединечен текст и неговиот пласман. Се моат авторите да го почитуваат ова и останатите правила на конкурсот.

Победнички текстови од претходните конкурси се сега веќе познатите драми на Олга Димитријевиќ „Работниците умираат пеејќи“, Дорунтина Баша „Прст“, Весна Периќ „Што етаа виновна не е таа ништо виновна“ Мирза Скендерагиќ „Разбуди ме кога ќе завршам“, Сташа Бајаќ „Овој ќе биде поинаков“ и Ива Брдар „Сарделите можат да преживеат сѐ“.

Повеќе информации за конкурсот на следниот линк.

Извор: https://heartefact.org