
Со секој нов момент во истрагата околу фамозниот “рекет”, сеќавањата на паролите што одекнуваа по улиците пред неколку години, од “нема правда...” до “Шутка не ти бега...”, добиваат сè погорчлив вкус. Со секоја нова вест околу протагонистите на овој “најнов” скандал, ослободувањето на “заробената држава” сè повеќе наликува на банална но истоштувачка трагикомедија. Главниот елемент на мизансценот – фамозниот бројчаник – очигледно не проработи како што беше замислено. Но бидејќи е веќе поставен на толку видно место, може ли да ни помогне да се потсетиме други, не помалку важни бројки?
Зборувам за средства што дошле во земјата, од осамостојувањето до денес: за поддршката од меѓународната заедница, кон која често знаеме да бидеме многу скептични. За тие бројки.
Иако сè уште чекаме “покана” за формални преговори, Европската унија ја поддржува Македонија уште од 1992. година. Според официјални извори, во овој период се донирани околу 800 милиони евра, а целосно финансирани и имплементирани се над 400 проекти. Во периодот меѓу 2007 и 2013 оваа поддршка во износ од 622,5 милиони евра е остварена преку пет компоненти на ИПА програмата – посебен инструмент за помош на земји пред формалните процеси за пристапување.
Земји вон Европската унија помагаат преку билателарни договори. Само за пример, Јапонија има до сега дадено околу 158 милиони евра, а Норвешка е континуирано присутна со 3,5 до 4,5 милиони евра годишно.
Како лице од дијаспората што живее во САД, посебно ме интересира поддршката од мојата втора земја – а со тоа индиректно и од мене, како даночен обврзник со чии средства се полни буџетот и се обезбедува таа поддршка.
Податоците достапни преку веб страната на УСАИД – односно, Американската агенција за меѓународен развој – кажуваат дека од 1992. година до сега, од буџетот на САД се одвоени околу 1,1 милијарда долари за поддршка на македонското општество.
Во истиот период, Словенија - споредлива по број на жители и врската со бивша-ЈУ – има добиено само 96 милиони долари.
Уште поинтересна е споредбата со Србија. И покрај сите наративи за “демонизацијата на српскиот народ од Американците” оваа земја има добиено од САД над 1,4 милијарди долари. Само две години по “интервенцијата” на НАТО, во 2001., за Србија биле наменети 99 милиони долари, од кои што биле исплатени 54, и тоа во овие категории: 14 мил. за поддршка на владеење на право и институции, 4.4 милиони за економски развој, 3.4 милиони за хуманитарна помош, 30 милиони за мултисекторна поддршка, 2 милиони за административни трошоци, 661 илјада за инфраструктура.
Истата година, за Македонија биле наменети речиси 60 милиони, од кои биле искористени 45 милиони: 30 владеење на право и институционална поддршка, 11 за економски развој, 10 милиони за разни потреби (друго), 6,4 за хуманитарна помош, 1 милион за образование, 100.000 за инфраструктура. Административните трошоци изнесувале 1,4 милиони долари.
Во 2018, за Северна Македонија биле предвидени околу 21 милион долари, но доделени се речиси 25 милиони: 14 милиони за владеење на право и институционална поддршка, 2,6 за економски развој, 3,1 за образование, 1,1 за разни други програми, со административните трошоци од 3,9 милиони долари.
Истата година за Србија се предвидени нешто повеќе од 18 милиони долари, од кои се доделени и повеќе: 7,5 милиони за поддршка на институции и владеење на правото, 4,3 милиони за економски развој, 1,1 за разни потреби, 127 илјади за земјоделие, 25 илјади за образование и 24 илјади за хуманитарна помош. Административните трошоци се пораснати и таму на 5,4 милиони долари.
Овие трошоци не го вклучуваат и големиот процент меѓународна помош што се губи “по пат” од најразлични причини: недоволно добро осмислени програми, недостиг на флексибилност во однос на процесот на аплицирање, пропусти во комуникација, недоволна координација меѓу донатори, дупликација на напори, неефикасности во механизмите за достава до крајните корисници, административна инертност, а секако и поради корупција, и тоа не само кај корисниците на помошта. Но тоа прашање бара друг, многу пообемен осврт.
Сепак, најголемата компонента на “меѓународната помош” се формалните и неформални приливи на средства од дијаспората. Според податоците на Светска банка, во 2018. таа помош изнесува околу 2,7% од БДП на Македонија, односно околу 450 милиони долари. Слични проценти имаат земји како Мексико, Евкадор и Индија, но затоа пак (ако може да биде некаква утеха) во Србија тие трансфери од дијаспората изнесуваат 8,6%, во Босна 10,7 %, а во Косово дури 15,6% од БДП.
Можеби најшокантното во овие бројки е дека целокупната помош што Македонија ја има добиено од меѓународната заедница последниве три децении е помала од тие “пет милијарди” заради кои што е поставен нефункционалниот бројчаник.
Да завршиме со еден од најновите примери. Новоотвореното основно училиште во скопската населба Капиштец, “Киро Глигоров,” кое добива толку пофалби за одличниот дизајн на младиот архитект Бесиан Мехмети, чини 5,5 милиони евра. Некому ова може да му изгледа “скапо” за македонскиот стандард, но таа сума е помала од средствата што беа определени за само еден од криминално-манијакални проекти во “Скопје 2014,” кој за среќа не се реализираше, споменикот на Мајка Тереза на плоштад “Македонија.”
Бројчаникот на Заев не успеа да проработи до сега, но наместо да го исмеваме, можеби треба да поставиме некои други бројчаници, и тоа што поскоро: зашто премногу од нас не сакаат “да се замараат” со бројки, ниту памтат што сè е дојдено и отидено, изброено или не.
Табела со приказ на помошта од САД (преку УСАИД) за Македонија, Словенија (поради сличниот број на население), Црна Гора и Србија, од 1992 до денес - во милиони долари.
Година Северна Македонија Словенија Црна Гора Србија
Г
одина
|
Северна Македонија
|
Словенија
|
Црна Гора
|
Србија
|
1992
|
4.758.000
|
|
|
|
1993
|
5.566.000
|
0.362.000
|
|
|
1994
|
18.594.000
|
1.863.000
|
|
|
1995
|
20.520.000
|
5.367.000
|
|
|
1996
|
15.797.000
|
5.287.000
|
13.701.000
|
13.701.000
|
1997
|
4.896.000
|
2.036.000
|
9.345.000
|
11.610.000
|
1998
|
78.341.000
|
4.773.000
|
19.981.000
|
34.564.000
|
1999
|
86.584.000
|
4.359.000
|
12.272.000
|
90.837.000
|
2000
|
87.044.000
|
3.577.000
|
102.168.000
|
108.134.000
|
2001
|
81.068.000
|
8.672.000
|
90.046.000
|
133.815.000
|
2002
|
104.911.000
|
6.741.000
|
97.121.000
|
118.001.000
|
2003
|
90.199.000
|
6.599.000
|
46.330.000
|
124.592.000
|
2004
|
62.175.000
|
5.299.000
|
40.501.000
|
96.596.000
|
2005
|
61.349.000
|
8.511.000
|
29.163.000
|
83.608.000
|
2006
|
46.334.000
|
2.352.000
|
18.029.000
|
94.306.000
|
2007
|
41.490.000
|
5.491.000
|
11.469.000
|
79.501.000
|
2008
|
41.600.000
|
3.031.000
|
12.344.000
|
68.983.000
|
2009
|
39.818.000
|
4.045.000
|
7.796.000
|
59.529.000
|
2010
|
34.865.000
|
3.260.000
|
14.339.000
|
48.066.000
|
2011
|
25.315.000
|
2.836.000
|
12.347.000
|
66.613.000
|
2012
|
31.842.000
|
2.222.000
|
7.083.000
|
34.183.000
|
2013
|
33.652.000
|
1.684.000
|
5.946.000
|
36.684.000
|
2014
|
28.680.000
|
3.648.000
|
5.057.000
|
36.973.000
|
2015
|
30.532.000
|
0.633.500
|
3.628.000
|
28.110.000
|
2016
|
32.301.000
|
0.728.000
|
2.154.000
|
33.657.000
|
2017
|
32.743.000
|
2.137.000
|
4.634.000
|
22.210.000
|
2018
|
20.742.000
|
0.309.678
|
1.023.000
|
17.992.000
|
До сега
|
1.161.716.000
|
95.822
|
566.477
|
1.442.265.000
|
НАСЕЛЕНИЕ (извор: ЦИА, Светска Банка)
|
||||
Година
|
Северна Македонија
|
Словенија
|
Црна Гора
|
Србија
|
2018
|
2.118.945
|
2.102.126
|
614.249
|
7.078.110
|
БДП во милијарди и БДП по жител во илјадници долари
|
||||
2018
|
$12,7
$6,100
|
$54,2
$26,197
|
$4.7
$8,200
|
$41.43
$6,880
|
Извори:
УСАИД приказ на помош од САД по земја и година
https://eeas.europa.eu/delegations/republic-north-macedonia_mk
Светска банка, трансфери од странство
Слики: Francesco Ciccolella