Град, пазар

18.09.2019 12:21

Пред пазарот на превртени пластични бели кофи седат тетки без струкови со плетени елеци. Дланките им се ишарани со тенки црни бразди. Пред нив стојат кофи полни цветови со пчели. Земам два сини ириси, еден жолт, повисок, како птица. Пет розови лалиња со бели вени на венечните ливчиња. Бројам, непарно, против смрт. Земам два букета јорговани, едниот можеби е за мене. Градот е прскан од сонце и дожд. Влажната хартија околу дршките се кине, ливчињата ми крцкаат под мишка.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото