„Очај“ - краток филм

18.09.19 12:26

Во 1960-тите во Лос Анџелес, во телефонска кабина стои прекрасна жена во сугестивната униформа на фатална жена, црвен кармин и високи потпетици. Кадарот е визуелно совршен, светол и зловесен. Во краткиот филм „Очај“, Алекс Прагер (Alex Prager) оди на чиста, кинематска мелодрама, обидувајќи се да улови само една емоција – очај – преку спротивставување на соновната американска естетика и позадинска приказна исполнета со пренагласена трагедија.

Музиката во филмот е на Али Хелнвајн (Ali Helnwein) а во главната улога е актерката и модел Брајс Далас Хауард (Bryce Dallas Howard). Според Прагер, „Очај“ бил осмислен како жива верзија на нејзината претходна фотографска работа, која ги ангажира сите сетила.

Друг краток филм на Прагер, „Зловесен дол“, можете да го погледнете на следниот линк.


  Извор:  https://www.alexprager.com/

ОкоБоли главаВицФото