
Македонска Каменица е нападната од вонземјани.
За среќа, ова е само дел од заплетот во филмот The annexation (Анексија) на Андреј Ѓорѓиевски кој успеа без никаква финансиска поддршка да сними научна фантастика. Филмот е снимен за три дена без професионални актери и со помош на неколку пријатели на режисерот. Дејството во овој научно-фантастичен филм се одвива во Македонска Каменица каде единствен преживеан од вонземската инвазија е еден војник.
„Војникот (Јане Стојменовски) е мој другар. Стево е вториот актер и тој е дедо на мој пријател. Понавајќи ги и двајцата целиот мој живот не беше тешко да ги убедам да глумат“, вели Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски дипломирал на машинскиот факултет во Скопје. Се занимава со видео, фотографија, графички дизајн и анимација. Филмот е снимен со негова опрема, а тој е одговорен и за целиот пред и пост-продукциски процес – режија, снимање, монтажа, колор-корекција, звук, визуелни ефекти и анимации.
Извор: Види вака