(Сега кога ми е срам...)

19.09.2019 14:40

Сега кога ми е срам
што сум човек и што сум
во постојана 24часовна борба
со стварноста, имам само еден
начин да преживеам:
да се сетам кога бев дете
во една од ноќите кога
ги дочекував снегулките
да ми паднат врз лицето.
Сѐ што следеше потем
беше неопходнава бесмислица
која трае и понатаму.

Превод: П. В.

Шпетим Селмани ( Shpetim Selmani) се родил во мај 1986-та. Од тогаш се труди да остане нормален. Да не полуди и да не се откаже од книжевноста.

Во 2018-та Шпетим беше гостин на скопскиот книжевен фестивал Друга приказна.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото