1013 hPa
38 %
32 °C
Скопје - Нед, 12.07.2026 16:59
Зимата раѓа тикови
и намуртени густи сенки.
Зиме е невозможно да се чујат
ѕвонливите воздушести чекори
на убавите сончеви девојки
а птиците се воздржуваат од озборување
и колваат бајати музички црви.
Гатачките се на годишен одмор,
оџачарите на боледување,
шивачките под стечај,
занаетчиите на стрелање.
Зимата раѓа заматени одрази
врз заледени огледала
а нашите заспани лица шепотат
во ритамот на досадата.