Уметникот кој не се плаши од никој

04.11.2010 10:36
Уметникот кој не се плаши од никој

Жил Винсенте е човек и уметник кој не се плаши ни од господ, а со својата контроверзна уметност го шокираше целиот свет. На нишан ги држи сите светски политичари, претседатели, па дури и самиот папа Бенедикт XVI.

Џорџ Буш, Ариел Шарон, Кофи Анан, Махмуд Ахмадинеџад, кралицата Елизабета и папата Бенедикт XVI се само некои од неговите „жртви“ во неговата уметност.

Овој бразилски уметник деновиве се најде на судот на јавноста, а неговата изложба на Уметничкото биенале во Сао Паоло беше предмет на жестоки расправи. Имено, бразилските власти се бунат против неговата уметност бидејќи сметаат дека неговите дела се исклучително насилни.

Жил Винсенте е бесен на наведените обвинувања, и тврди дека неговата „пресметка“ со виновниците за смртта на милиони луѓе е повеќе од чесна.

„Велат дека злосторството е забрането. Зарем кражбата на општествените пари не е злосторство? Зарем телевизијата не го велича злосторството секој ден? Зарем само моите дела се величање на злосторството?“, изјави тој на отворањето на изложбата.

Винсенте смета дека секој има право да ги види неговите дела под наслов „Непријатели“, бидејќи се работи за уметничка слобода.

Цртежите се настанати 2005 и 2006 г., а сите кои се нашле пред неговиот нишан, вели тој, го заслужиле тоа, зашто се виновни за смртта на милиони невини луѓе. Жил Винсенте смета дека да се убијат овие лица е наједноставното решение за доброто и правдата на човештвото.

Извор: 6yka.com

ОкоБоли главаВицФото