За зимата и климата

23.09.2019 14:41

седумдесет и двете лета
светов ми ги разлета
а светот бел сега е сив
добро е уште сум жив

не е лага, јас се слагам
летото е свето.

за човечињата лутата зима
е најзаебана клима
и на маторците не им штима
секоја болест кога нè цима

затоа нек се носи белата зима
накај швајцарците и лапонците
ним снегот им е во гените

а мене ми е мошне гадно
во станот постојано ми е ладно
на улица не се наоѓам
оти по ледот не се снаоѓам

Превод: П. В:

Предраг Вранешевиќ (Нови Сад, 27. мај 1946) е српски музичар. Завршил факултет по архитектура. Заедно со братот Младен 1978. године го покренал составот Лабораторија звука кој функционирал до 1996. година.
Напишал музика за повеќе тератарски претстави и долгометражни играни филмови.
Живее во Нови Сад.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото