Луѓе паѓаат од небо (пет раскасчиња)

24.09.2019 13:46
Луѓе паѓаат од небо (пет раскасчиња)

Ластовичката на џам

Залади.

Ластовичка со кренат среден прст ми стои на џамот.

„Не ме гледај така, сите се задоволуваме со трошки“, се бранев.

Сепак внатре знае да е најладно.

 


Врапчето и штркот

Врапчето: Ќе идеме на забавата на ластовичките вечерва?

Штркот: Кај бе јас таму... Ти иди слободно, јас ќе штркчам ако идам.

Врапчето: Абе ајде, ќе речат летнати сме, само што се вратиле од југ, сакаат да се собереме...

Штркот: Све супер врабац, ал јато не волим!

 


Nevermore!

Ставив јогурт во ќеса надвор на џамот од канцеларијата (ко фрижидер-фасилити) и у рок од 5 минути дојде гавран, ја зема ќесата и ја однесе сосе мојот план за јадење.

Не бе, сум рекла нејќам препаметни живи суштества и тоа е. Јас да оставам пак така нешто на џам во ќеса - nevermore!


Дожд пред пицерија

Врне.

Двајца излегуваат од пицерија со спакувани пици за носење.

Едниот ја става пицата над глава за да се засолни.
Другиот ја загрнува пицата за да ја засолни.

Различно си требаат. 

 

Јас, Плувио
на Маја Томовска

Беше убав дождлив ден кога наеднаш почнаа да паѓаат луѓе од небото. Капките си ги наметнаа пелерините и поитаа накај моето срце за да се засолнат од луѓето.


Слики: The Royal Art Lodge

ОкоБоли главаВицФото