Отклучувања и заклучувања*

24.09.2019 16:41

Најнапред се чудев а потем
уживав во изненадата на првите
средби со заклучените врати:
ниту во еден европски хотел
од осумнаесетте градови
на единаесетте држави што ги минав
не најдов ниту еден ист систем
за заклучување на хотелските соби.

Толку многу различни
клучеви и брави
колку и идеи за
обединета Европа!


* Оваа песна како и повеќе други песни објавени во книгата „Грабнувањето на Европа“ се резултат на патувањето со воз, како претставник на Македонија, во рамките на европската книжевна манифестација „Литературен Експрес Европа 2000“ (Literatur Express Europa 2000) која траеше 46 дена во јуни и јули 2000 година, а на која учествуваа претставници на сите европски држави кои патуваа со воз од Лисабон до Москва и потем назад кон Берлин, имајќи книжевни настапи во Лисабон, Мадрид, Бордо, Париз, Лил, Брисел, Дортмунд, Хановер, Малборк, Калининград, Вилнус, Рига, Талин, Санкт Петерсбург, Минск, Москва, Варшава и Берлин. Организаторите, Европскиот совет и градот Берлин, го најавуваа ова епско патување со маркетиншките одредби во духот на Кантовото квантитативно возвишено како: 1 континент + 107 автори + 43 држави + 98 јазици + 46 денови + 7000 километри + 11посетени држави + 18 градови + читања + дискусии итн.итн.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото