Канибал

26.09.2019 18:28

за Шон

Кога за првпат
вкусив човечко месо,
имав десет години.
Се случи за време на кавга
со мојот дванаесетгодишен брат,
кога тој ги навреди
моите сакани Битлси,
нарекувајќи ги претенциозни, преценети
и само за кретени.
Изгубив контрола,
се закачив врз него
и одгризав значително парче
месо од неговото рамо,
чијшто дел
(веројатно ‘рскавица)
ми се заглави в заби.
Следеа завивања и чкртање со заби,
сѐ додека не се вмеша мајка ми.
Беше толку шокирана
од тоа што го направив,
сосема изуми да ме истепа
и ме прати право в кревет
без вечера.
Но, еј, јас веќе јадев.

Превод: Јулијана Величковска

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото