1014 hPa
100 %
10 °C
Скопје - Вто, 23.04.2024 07:59
Франческо Чиколела е австриски илустратор и графичар кој живее во Виена.
Луцидни идеи претставени во едноставни форми - илустрациите на Чиколела раскажуваат приказни и пренесуваат пораки на мошне директен, но и прилично неочекуван начин. Главна карактеристика на неговата работа се визуелните метафори и хуморот, кон кои тој придодава човечки допир и емпатија, со што комплексните пораки стануваат подостапни за гледачот.
Чиколела добро се снаоѓа во разни „медиуми“ на графичкиот дизајн и на ликовноста: огласување, рекламирање, издаваштво, постери, корици на книги, анимации и, од неодамна, скулптури. Работел за големи весници (Guardian, Der Spiegel,The New York Times...) и со моќни корпорации, вклучувајќи ги Google и IBM.
Студирал графички дизајн на Универзитетот за применета уметност во Виена. Низ самоиницирани проекти, изложби и лични експерименти, тој страсно го истражува процесот на правење слика, со цел да развие сопствен карактеристичен визуелен глас.