Прв „Марш за иднината“ се одржа во Скопје

28.09.2019 01:53
Прв „Марш за иднината“ се одржа во Скопје

Со транспаренти на кои пишуваше „ Климатските промени креираат сиромаштија“, „ Сибир ќе биде и тука“ и „ Вие ќе умрете од старост, јас ќе умрам од климатски промени“, и со повици до заменик министерот за животна средина-„ Јани одговори-куќата ни гори“ и „ Сакаме да дишеме“, млади луѓе, вчера, маршираа низ центарот на Скопје, како дел од глобалното движење против климатските промени „ Петоци за иднината“.

Tие тргнаа од Министерството за животна средина , преку Собранието стигнаа пред Владата, каде барањата до власта во 5 точки, ги залепија на столбовите од поранешната ограда.

Никола Јовановски од движењето „Fridays For Future" (Петоци За Иднината) истакна дека тие со денешниот марш бараат да се прогласи климатска вонредна состојба на национално ниво, изработка на план за намалување на употребата на автомобили итн...

Тие од Владата на Република Северна Македонија бараат: Прогласување на климатска вонредна состојба на национално ниво, како услов за институционална приоритизација и сензибилизација на општествените актери за прашањето, активирање на специјалното национално тело – комисија за борба против климатските промени, кое постои само на хартија и нема никакви ингеренции и овластувања, отпочнување на процесот за затворање на постоечките електрани на јаглен и преминување на 80 отсто обновливи извори на енергија до 2030 година и 100 отсто до 2050 година, изработка на план за намалување на употребата на автомобили, заедно со комплетна обнова и проширување на капацитетите на јавниот транспорт и воведување на климатската проблематика во формалното образование во основните и средните училишта како посебен предмет.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото