Спогодба

28.09.2019 09:48

според Езра Паунд

Склучувам спогодба со тебе, Орфеју,
доста веќе ти се опирав.
Ти доаѓам како возрасен човек
што имал среќно, долго детство.
Ти беше тој што го пресече новото дрво,
нам ни останува да го изрезбаме.
Имаме еден сок и еден корен,
нека има размена меѓу нас.

Превод: Јулијана Величковска

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото