Еден од најдобрите танчерски филмски сцени

30.09.19 00:39

Фред Астер кажал дека тоа е најдобриот танц што кога било го видел на филм. Се работи за сцената од музичкиот филм од 1943 година „Stormy Weather “, а изведувачите се браќата Николас, Фајард и Харолд кои ја маѓепсале публиката со својата акробатска вештина, танцувајќи на хит песната од Каб Каловеј „Jumpin 'Jive“. И не само тоа, сцената била снимена во првиот обид без никаква проба.

Во 2001 година, Конгресната библиотека на САД, филмот го избрала за националниот филмски регистар, заради неговото културно, историско и естетско значење.

Извор: twistedsifter.com

ОкоБоли главаВицФото