Неверојатниот миг на откривањето на инсулинот

01.10.2019 11:40
Неверојатниот миг на откривањето на инсулинот

  На оваа слика е забележан еден од најневеројатните мигови во медицината. Имено, во 1922 година, на Универзитетот во Торонто, научници отишле во болничкото одделение со деца кои биле во кома и умирале од дијабетска кетоацидоза. Замислете соба полна со родители кои седат крај креветите и ја чекаат неизбежната смрт на своето дете. Научниците оделе од кревет до кревет и го вбризгувале во децатa новиот прочистен екстракт – инсулин.

Кога му вбризгале инсулин на последното дете, првото дете на кое му вбризгале се разбудило од кома. Едно по едно, сите деца се разбудиле од дијабетска кома. Собата на смртта и мракот станала место на радост и надеж, благодарение на докторите Фредерик Бантинг и Чарлс Бест, кои поради своето откритие на инсулинот следната година ја добиле Нобеловата награда во областа на физиологијата и медицината.

Пред Бантинг да почне да спасува животи со инсулин, тој бил доктор за време на Првата светска војна во канадската војска. Во битка кај Камбреј, и покрај повредите со кои се здобил, успеал да им помага на останатите мажи 16 часа, сѐ додека друг доктор не го запрел. Бил награден во 1919 година за херојство.

Извор: https://radioaktivnikomarac.com/

Слични содржини

Свет / Живот / Историја
Општество / Фотографија / Скопје 1963-2013 / Историја
Општество / Балкан / Историја
Европа / Балкан / Историја
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото