Тука ќе ја покажеме разликата

01.10.2019 12:19

Градот Скопје викендов почна со активности во еден од најзапуштените простори во срцето на градот. На местото на куќата на Мајка Тереза ќе се гради нов модерен плоштад. Тука ќе ја покажеме разликата, какво е тоа Скопје за кое верувам сите скопјани сонуваат. Нов модерен плоштад со дрвореди, со нови повеќе од 20 дрвја, со централно зеленило, ќе се врати дел од зеленилото загубено во Малиот ринг. На цела површина од околу 5 илјади квадратни метри, чекор по чекор ќе се менува изгледот на јавните површини. Сериозно инвестираме во нив, поставуваме нови светски стандарди. Ќе има и клупи и корпи за отпадоци, осветлување, заедно со зелениот кров на ГТЦ ќе биде целина за уживање. Ќе чини 104 евра квадратен метар, или вкупно 33 милиони денари со ДДВ. За компарација, плочките од плоштад во кои лете не може да се гледа заради одблесокот, а се лизгаат на дожд и снег, а плус целиот плоштад смрди на канализација, чинат 195 евра по квадрат.

Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, на прес – конференција, 01.10.19.