Ручек во клубот за јахти

01.10.2019 12:56

Додека си гнетам лазањи со помфрит,
проучувам илустрирана статија
во магазинот Тајм
за неодамнешниот колеж на Бенгалци
во Асам, што содржи фотографија
од триесет и четири деца легнати
во уредни редови за без потешкотии да ги собере
во однапред подготвена масовна гробница,
и тогаш келнерот ме потсетува
дека сè уште не сум нарачал десерт.
Ја покривам фотографијата
и барам чизкејк.
Со шлаг?
Секако со шлаг!

Превод: Јулијана Величковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото