„Ѕирни“ – фестивал на филм и музика во „Котур“

02.10.2019 00:47
„Ѕирни“ – фестивал на филм и музика во „Котур“

Кафе и филм „Котур“ полни една година и по тој повод го организира „Ѕирни“ – фестивал на филм и музика, 9 дена исполнети со проекции на филмови, гостувања на режисери, концерти, музичка селекција и изложба на филмски постери.

„Ќе ви претставиме што е она што го правевме оваа година и во кој правец сакаме да продолжиме да работиме. Ѕирни тука, блиску до тебе не барај далеку, квалитетот е универзален“, велат организаторите.

Во продолжение, целата програма:

02.10 

19:30ч
Промоција на графичкиот роман Легендите на Тур де Франс од холандскиот автор Јан Клејне во издание на Бункер.

03.10

20:00ч БИКИНИ МУН + Разговор со режисерот Милчо Манчевски.
22:00 Музичка селекција Сергеј Пулиос ака DJ Bruv.

04.10

21:30ч Концерт на Frank Magnolia , Lepi Xhoni во живо, музичка селекција Mowgli.

05.10

21:00ч Бела Ноќ ја превзема колективот Скопски Грув

06.10

20:30ч : ГОСПОД ПОСТОИ ИМЕТО И Е ПЕТРУНИЈА, (GOD EXISTS HER NAME IS PETRUNYA)
Игран филм, Белгија, Хрватска, Франција, Македонија, Словенија
Режија: Теона Стругар Митевска (Teona Strugar Mitevska)

07.10

20:30ч : ИСЦЕЛИТЕЛ + Гостување на режисерот Ѓорче Ставревски.

08.10

20:30ч ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ + Разговор со режисерот Владимир Блажевски.
22:00ч: Музичка селекција на Fitz Tasei .

10.10

20:00ч : Проекција на: Blue Note: A Story of Modern Jazz 2008
Режија: Џулијан Бенедикт и Андреас Морел
САД, 2008, 90 мин

22.00ч Арт Квартет во живо
Сашко Николовски (клавијатури)
Гоце Стефковски (тапани)
Кирил Кузмановски (саксофон)
Кирил Туфекчиевски (контрабас)

11.10 

21:30 Концерт на The Planktons

 

ОкоБоли главаВицФото