
Здружението на граѓани за помош и поддршка на бездомници социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“ и оваа година организира сезонски собирни пунктови. Тие се наменети за собирање на донации во храна, средства за хигиена, средства за чистење, облека, обувки и постелнина, за да им се помогне на бездомниците и сиромашните, посебно во зимскиот период.
За таа цел здружението ги поканува граѓаните да ги посетат пунктовите и да дадат свој придонес во подобрувањето на условите на живот на оваа маргинализирана категорија на луѓе и при тоа заеднички да се делува во подигнување на свеста на луѓето и за развивање на граѓанскиот активизам.
Собирните пунктови ќе бидат активни на следниве локации:
ВЕРО - К. ВОДА
Недела, 06.10.2019 год. 11:00 – 18:00 ч.
Вторник, 08.10.2019 год. 12:00 – 19:00 ч.
ВЕРО – АЕРОДРОМ
Недела, 13.10.2019 год. 11:00 – 18:00 ч
Среда, 16.10.2019 год. 12:00 – 19:00 ч.
ТИНЕКС - ЗЕБРА
Четврток, 17.10.2019 год. 12:00 – 19:00 ч.
Недела, 20.10.2019 год. 11:00 – 18:00 ч.
ТИНЕКС–КАРПОШ 3
Недела, 27.10.2019 год. 11:00 – 18:00 ч.
Вторник, 29.10.2019 год. 12:00 – 19:00 ч.