Адни ме за френд, Данте

03.10.2019 14:10
Адни ме за френд, Данте

Нека крене раце кој се има откажано од сè.


Се дружам само со луѓе од високите кругови, Данте. Адни ме за френд.


Не можам сега на некоја обука за смрт сум, после ќе дојдам по тебе.


Сè е страв на договор.


Де Сизифе истај се... Oн ќе праел Снешко ццц.


Слеп на околности.


Нешто ко да не ти се сите ребра на број, Адаме?


Да си сфинга, па да бидеш со исправена глава.


Што ме гледаш ко да не си видел дух?


Исус Хернија.


Ах, пренаселена е планетава - на кого попрво да му се допаднеш...


Цел свет го собира во една инка.


Глатко поминувам низ сито и решето.


Не сум срамежлива, се стеснувам од ладното во луѓето.


Дома имам цела полица со глави од романи.


Се гледаме на другата страна од приказната.

Гифови: Xaviera Lopez

ОкоБоли главаВицФото