Предавање „Политизација на пејсажот“ на Марк Басин во МСУ

05.10.2019 10:23
Предавање „Политизација на пејсажот“ на Марк Басин во МСУ

Во Музеј на современа уметност на 7 октомври (понеделник) од 19 часот ќе се одржи предавање на Марк Басин „Политизација на пејсажот“, кое се однесува на семантичките потенцијали на уметничкото прикажување на природата за време на соцреализмот во Русија.

„Ова подразбира дека покрај темите на индустриската обнова и општетствената трансформција, природата претставува една од главните преокупации на уметниците, особено во периодот од 1930-тите до 1950-ти, кога ‘Сталинистичката политичка естетика’ тврди дека политичките и општествените вредности можат да се пренесат преку сликите на пејзажот“, стои во најавата за настанот во МСУ.

Инаку, Марк Басин е професор на на Универзитетот Содерторн во Стокхолм и визитинг професор на универзитетот Упсала, како и соработник на Шведскиот институт.

Неговите истражувачки интереси се однесуваат на историјата на идеологијата, културата и политичката географија.